MK/Prabhupada 0004 - Немојте да се предадете на било каква глупост



Lecture on BG 10.2-3 -- New York, January 1, 1967

Тој процес, исто така е изложен во Бхагавад Гита. Тад видхи пранипатена парипрашнена севаја...(БГ 4.34), ( Понизно поставувај прашања на учителот/гуруто и служи го. Самоспознаената душа, може да ја пренесе вистината, затоа што веќе ја согледала...). Ако сакате, да ја разберете таа трансцедентална наука, тогаш морате да го следите овој пример. Што е тоа Тад виддхи пранипатена ? Мора да се предадете ( на духовен учител ). Истата работа е објаснета како...: наманта ева. Се додека не си понизен, не можеш да постанеш душа предадена на Бога. А каде треба да се биде понизен ? Пранипата ( пред духовниот учител ). А каде, таа личност може да се најде, на која можете да и се предадете ? Каде е таа личност, на која можам да и се предадам ? Тоа значи дека, треба да направиме мал тест, како би знаеле кому се предаваме... Мораме да поседуваме барем толку знаење. Немојте да се предадете на било каква глупост. Вие требате да...И како ќе ја утврдиме разликата помеѓу интелигентното и она што е бесмислено ? Тоа исто така е изложено во шастрите, светите книги. Тоа е споменато во Катха Упанишада. Тад видхи пранипатена пари...(БГ 4.34), ( Обиди се да ја научиш вистината, така што ќе пристапиш на духовен учител...). Катха Упанишад вели: Тад-вигјанартхам са гурум евабхигачет шротријам брахма-ништхам ( МУ 1.2.12 ), ( За да ја научи трансцеденталната наука, личноста мора да му пристапи на духовен учител ). Овој збор шротријам значи личност која припаѓа, на непрекинатата линија на ученичко наследство. А што е доказ, дека личноста доаѓа од линијата на ученичкото наследство ? Доказот е Брахма-ништхам. Брахма-ништхам значи дека личноста е во потполност убедена во Апсолутната Врховна Вистина. На таа личност, треба да и се предадете. Пранипата. Пранипата значи пракришта-рупена нипатам, личност која не е резервирана во однос на Апсолутната вистина. Ако најдете таква личност, тогаш предадете и се. Пранипата. И обидете се да ја служите, обидете се да ја задоволите и воедно поставувајте и прашања. Така целата работа ќе се разоткрие. Значи, прво морате да најдете таква авторитативна личност и да и се предадете. Предавајќи и се нејзе, значи да му се предадеме на Господ, затоа што таа личност е Господов представник. Дозволено Ви е да поставувате прашања, не за да губите време, туку како би развиле правилно разбирање. Тоа се нарекува парипрашна ( поставување на прашања на учителот, понизно со почитување ). Тоа е правилен процес. Значи, тука е се што е потребно. Треба едноставно да го прифатиме. Но, ако не го усвоиме понудениот процес и едноставно го губиме времето во интоксикација и шпекулација и во сите други бесмислени активности, предавањето на духовниот учител, не ќе биде можна. Никогаш, не ќе можете да разберете, што е Господ. Затоа што, Бог не го разбираат дури и полубоговите и големите мудреци. Во однос на нив, што е тогаш нашиот безначаен напор ? Значи, тоа е процесот. И ако ги следите принципите, асамудхаха, асамудхаха значи ако ги следите принципите... полека, но сигурно асамудхаха, тогаш без било каков сомнеж, ќе достигнете пратјакшавагамам дхармјам...директно ќе ги искусите и разберете принципите на религијата. Ако го следите овој процес, лично ќе сфатите "Точно е. Го добивам она за што трагам." Тоа значи дека не сте повеќе слепи, никого не го следите слепо... Со почитувањето и следењето на принципите, ќе дојде и разбирањето. Тоа е исто ако јадете нешто хранливо, ќе се почуствувате силни и вашата глад ќе биде задоволена. Никого повеќе не ќе морате да го прашувате. Тоа ќе можете тогаш и сами да го почувствувате. Слично, ако го следите предвидениот процес и се движите по правилен пат, ќе бидете во состојба да разберете, "Да, јас навистина напредувам". Пратјакша...Во деветото поглавје, Тој рекол пратјакшавагамам дхармјам сусукхам...(БГ 9.2), (...директно ќе ги искусиш принципите на религијата и задоволно ќе ги практикуваш...). Тоа всушност е многу лесно. И можеш да го сториш во добро расположение. А од што се состои тој процес ? Ние пееме Харе Кришна и јадеме Кришна-прасадам, ја проучуваме Бхагавад Гита и уживаме во фини музички звуци. Дали е тоа многу тешко ? Дали е тоа многу тешко ? Не, воопшто. Со овој процес, ќе бидете асамудхаха. Никој не може да Ве измами. Но, ако сакате да бидете измамени има толку многу измамувачи. Затоа, немојте да направите општество на измамени и измамници. Едноставно, следете го парампара системот, како што е препорачано во Ведската литература, препорачано од Кришна. Обидете се да ги разберете работите од авторитативни извори и обидете се да ги аплицирате во вашиот живот. Тогаш асамудхаха са мартјешу (БГ 10.3), ( Личноста која Ме познава како Нероден, Врховен Бог на сите светови - припаѓа на групата луѓе кои не се збунети, кои се ослободени од сите гревови ). Мартјешу значи...Мартја значи оние кои се предвидени да умрат. А кои се тие ? Овие условени души, почнувајќи од Брахма до безначајната мравка, сите тие се мартја, смртни. Мартја се однесува на суштествата кои го очекуваат моментот на смртта. Значи мартјешу. Помеѓу смртните смртници - таквата личност се смета за најинтелигентна. Асамудхаха са мартјешу. Зошто ? Сарва - папаиха прамучјате. Тој е ослободен од сите реакции на грешните активности. Во овој свет, во овој материјален свет, знаејќи или незнаејќи, секогаш извршуваме грешни активности. Поради тоа треба да се ослободиме од овие реакции А како да се ослободиме ? Тоа исто така е објаснето во Бхагавад Гита. Џагјартат кармано анјатра локо јам карма - бандханаха (БГ 3.9), ( Работата треба да се извршува како жртва за Вишну; во спротивно работата ќе не врзе за овој смртен свет ). Ако нешто чиниш, изврши го тоа само и единствено за Кришна...Џагја значи Вишну или Кришна. Ако работата ја обавуваш само за Кришна, тогаш си ослободен од било какви реакции. Шубхашубха-пхалаи...(БГ 9.28), ( На тој начин, ќе бидеш ослободен од сите реакции, предизвикани било со добри или со лоши дела...). Ние, луѓето чиниме поволни и неповолни дела. Но, оние кои се свесни за Кришна и кои делуваат на тој начин, тие повеќе не се врзани, било со поволна или неповолна работа... затоа што таквите личности се во допир со Најблагородното Суштество, Кришна. Поради тоа се вели сарва-папаих парамуцјате (БГ 10.3), ( Личноста која ме познава како Врховен Бог, на сите светови...избавена е од сите грешни реакции ). Таа личност постанува ослободена од сите реакции, предизвикани со грешни активности. Тоа е тој процес. Ако го усвоиме овој процес, можеме да стапиме во контакт со Кришна и нашиот живот ќе постане успешен. Процесот е толку едноставен, што секој може да го усвои. Ви благодарам многу на вниманието.