MK/Prabhupada 1071 - Ако се дружиме со Бог и Соработуваме со Него, Тогаш и Ние Постануваме Среќни



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Би можеле да запомниме, дека кога зборуваме за „Кришна“, тоа не е секташко име. Името „Кришна“ значи најголемо задоволство. Потврдено е дека Севишниот Господ е резервоар, склад на сето задоволство. Сите ние копнееме по задоволство. „Ānandamayo 'bhyāsāt“ ( Веданта - сутра 1.1.12 ), ( „Господ има неограничена, а живите суштества ограничена способност за уживање...“). Како и Бог и живите суштества се исполнети со свесност, а нашата свесност копнее по среќа. Среќа. Господ е непрекинато среќен и ако соработуваме со Господ, се дружиме со Него и ако го прифатиме Неговото друштво, тогаш и ние постануваме среќни. Господ се симнува, во овој смртен свет, за да ги прикаже своите забави од Вриндаван, кои се преполни со радост. Кога Лорд Шри Кришна бил во Вриндаван, Неговите активности со неговите другари краварчиња, со Неговите пријателки, Неговите пријатели и жителите на Вриндаван и неговото занимање краварче, кое во детството се грижело за кравите, сите тие негови минати времиња биле исполнети со среќа. Целиот Вриндаван и целото население на Вриндаван, постојано трчале по Него. Тие не знаеле за ништо друго, сем за Кришна. Дури, Господ Кришна му забранил на Неговиот татко, Нанда Махараџ да го обожува полубогот Индра, бидејќи Тој сакал да воспостави правило да не се обожува било кој друг полубог, освен Севишната Божја Личност. Затоа што крајната цел на животот е да се вратиме во пребивалиштето на Севишниот Господ. Личното пребивалиште на Господ Кришна е опишано во Бхагавад - Гита, во 15-тото поглавје, 6-тиот стих. „na tad bhāsayate sūryo na śaśāṅko na pāvakaḥ, yad gatvā na nivartante tad dhāma paramaṁ mama“(БГ 15.6), ( „Тоа Мое пребивалиште не е осветлено ни со сонце, нит со месечина, а ни со електрицитет...Личноста која ќе го достигне, никогаш повеќе не се враќа во овој материјален свет“ ). Тоа е опис за вечното небо. Кога зборуваме за небо, ние имаме материјална представа за него и мислиме на небо со сонце, месечина, ѕвезди. Но, Господ вели дека, вечното небо нема потреба од сонце. „Na tad bhāsayate sūryo na śaśāṅko na pāvakaḥ“ (БГ 15.6), ( „Тоа Мое пребивалиште не е осветлено ни со сонце, нит со месечина, а ни со електрицитет...“). Нит на вечното небо има потреба од месечина. „Na pāvakaḥ“ значи „Нит има потреба од електрицитет или оган за осветлување“ бидејќи духовното небо е веќе осветлено од брахма-џотир-от. „Brahmajyoti, yasya prabhā“ ( Брахма Самхита 5.40 ), осветлено е со зраците кои светат од Врховното пребивалиште. Сега, во овие денови кога луѓето се обидуваат да ги достигнат другите планети, не е многу тешко да се разбере, Врховното пребивалиште на Севишниот Бог. Пребивалиштето на Севишниот Бог е на духовното небо и е наречено Голока. Во Брахма-самхита тоа е многу убаво опишано „Goloka eva nivasaty akhilātma-bhūtaḥ“( БС 5.37 ), ( „Иако постојано престојува на Голока, Господ во исто време влегува буквално во секој атом во Неговата безгранична материјална Креација, универзумот“ ). Иако, Господ престојува во Своето вечно пребивалиште, Голока, Тој сеуште е „akhilātma-bhūtaḥ“, до Него може да се стигне и од овде, исто така. И поради тоа Господ доаѓа, за да ја манифестира Својата вистинска форма сат-чит-ананда-виграха ( БС 5.1 ), ( „Неговиот личен облик преполно со вечност, знаење и блаженство“ ), за да ние не мораме да го замислуваме. Тука нема говор за замислување/имагинација.