MK/Prabhupada 1077 - Бог е Апсолутен и Поради тоа Нема Разлика Помеѓу Неговото Име и Него Самиот



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Шримад Бхагаватам се нарекува „bhāṣyo 'yaṁ brahma-sūtrāṇām“ т.е природен коментар на Веданта - сутра. Сета таа литература е тука за да ги пренесеме нашите мисли кон Бог „tad-bhāva-bhāvitaḥ, sadā“(БГ 8.6), („...Ако мислиш на Господ во моментот на смртта...“), „Sadā tad-bhāva-bhāvitaḥ“(БГ 8.6), ( „Таа иста состојба, без сомнеж ќе ја достигнеш...“). Исто како што материјалистот е секогаш зафатен со читањето на материјална литература, како новини, магазини и фантастика, приказни и др. и многу други науки и филозофии, во зависност од различниот степен на размислување, слично, ако нашиот читачки капацитет, го насочиме кон Ведската литература, која што е многу љубезно претставена од Вјасадев, тогаш е сигурно возможно, да се сетиме во време на смртта на Врховниот Господ. Тоа е единствениот препорачан начин, од Самиот Господ. Всушност, не препорачан, туку факт. „Nāsty atra saṁśayaḥ“(БГ 8.5), ( „Оној кој ќе го напушти своето тело, сеќавајќи се на Мене - одеднаш ја достигнува Мојата природа, за тоа нема сомнеж...“). Несомнено. Нема сомнеж во сето тоа. Тасмат, затоа Господ препорачува „tasmāt sarveṣu kāleṣu mām anusmara yudhya ca“(БГ 8.7), ( „Затоа, Арџуна, секогаш сеќавај се на Мене во форма на Кришна и извршувај ги своите пропишани должности на воин/кшатрија...“). Тој го советува Арџуна дека „mām anusmara yudhya ca“(БГ 8.7), ( „Затоа, Арџуна, секогаш сеќавај се на Мене во форма на Кришна и извршувај ги своите пропишани должности на воин/кшатрија...“). Бог не вели „Ти, едноставно продолжи да се сеќаваш на Мене и откажи се од твојата пропишана должност“. Не. Тоа не се сугерира. Бог никогаш не сугерира, нешто непрактично. Во овој материјален свет, една личност треба да работи, за да го одржи своето тело. Работата е поделена на четири дивизии на социјален ред: брахмани, кшатрии, вајсшии, шудри. Интелигентната класа ( брахманите ) во општеството, работи/делува на поинаков начин, а административната класа ( кшатриите ) во општеството, делува на поинаков начин. Друштвото на трговци ( вајшиите ), произведувачкото општество делува на поинаков начин, а работничката класа делува на поинаков начин. Во човечкото општество или како работник или како трговец или како политичар, администратор или како највисока интелигентна класа на луѓе кои се занимаваат со пишување или со научни истражувања, сите се вклучени во некаква работа, сите мора да работат, во борбата за егзистенција. А Господ советува „Не треба да се откажеш од твојата професија, туку во исто време со работењето, треба да се сеќаваш на Мене“. „Mām anusmara“ (БГ 8.7), ( „Тоа ќе ти помогне, да се сетиш на Мене, во моментот на смртта“ ). Тоа ќе ти направи, тоа ќе ти помогне да се сетиш на Мене, во времето на смртта. Ако не вежбаш, постојано сеќавање на Мене, покрај борбата за егзистенција, тогаш во моментот на смртта нема да се сетиш на Мене. Тоа не е возможно. Истата работа се советува од Господ Чеитанја „kīrtanīyaḥ sadā hariḥ“ (ЧЧ Ади 17.31), („...Понизната и толерантна личност, која не очекува почитување, а своето секогаш го нуди на другите - може секогаш да го пее, светото име на Бог“ ). Kīrtanīyaḥ sadā. Една личност треба секогаш, да го практицира пеењето на името на Господ. Името на Господ и самиот Господ, не се разликуваат. И од тука, се упатствата на Господ Кришна на Арџуна „mām anusmara“ (БГ 8.7), ( „Ти само сеќавај се на Мене“ ) и упатствата на Господ Чеитанја „Секогаш пеј го, името на Кришна“ Кришна тука вели „Секогаш сети се на Мене“ или сети се на Кришна, а Господ Чеитанја вели „Секогаш пеј го името на Кришна“. Нема разлика помеѓу Кришна и Кришниното име, бидејќи тие се истоветни во Апсолутното. Во апсолутен смисол на постоење, нема разлика помеѓу една и друга работа. Тоа е апсолутн статус. Бидејќи Бог е апсолутен, нема разлика помеѓу Неговото име и Тој Самиот. Ние, така треба да вежбаме. „Tasmāt sarveṣu kāleṣu“ (БГ 8.7), ( „Треба секогаш да мислиш на Мене, во обликот на Кришна“ ). Секогаш, дваесет и четири часа на ден, треба да ги усогласиме нашите животни активности, на тој начин, секогаш да се сеќаваме на Него. Дваесет и четири часа на ден. Како е тоа можно ? Да, тоа е можно. Тоа е можно. Постои еден, рудиментиран пример, даден од Ачарјите во врска со ова. И кој е тој пример ? Речено е дека, жената која е привлечена од друг маж, иако има сопруг, сеуште може да биде привлечена од друг маж. И овој тип на привлечност, може да постане навистина силен. Ова се нарекува паракија - раса. И во случај на маж, а и во случај на жена. Ако мажот има привлечност, за друга жена, покрај неговата сопруга или жената има привлечност за друг маж, покрај нејзиниот сопруг, таа привлечност е многу силна. Таа привлечност е многу силна. Ачарјите даваат пример на една жена со лош карактер, која е привлечена од нечиј туѓ маж, која секогаш мисли на него, а во исто време му покажува на својот сопруг, колку е зафатена со работите на фамилијата, за да нејзиниот маж, не се сомнева во неа. Како што таа, секогаш се сеќава на времето кога ќе се сретне со својот љубовник навечер, наместо да работи во куќата многу посветено, слично на тоа и личноста треба да се сеќава на Врховниот сопруг, Шри Кришна, покрај одговорното и фино вршење на материјалните должности. Тоа е можно и бара силно, силно чувство на љубов.