MK/Prabhupada 0005 - Животот на Прабхупада во 3 мин

Revision as of 09:52, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Interview -- September 24, 1968, Seattle

Новинар: Дали би ни кажале нешто за Вашето потекло ? Односно, каде сте се едуцирале, како сте постанале ученик на Кришна.

Прабхупада: Роден сум и се школував во Калкута. Калкута е мојот роден град. Роден сум во 1896 год. и сум петто дете на мојот татко, така да мојата едукација почна, малце подоцна, но сепак, школуван сум во више средно школо, осум години. Во основно школо, четири години, во вишото средно школо, осум години, на Колеџ, четири години. Потоа, се приклучив на Гандиевото движење, национално движење. Но, поради среќни околности, го сретнав мојот Гуру Махараџ, мојот духовен учител во 1922 год. И од тогаш бев привлечен со ова наследство ( ученичко ) и постепено го напуштив, својот семеен живот. Се оженив во 1918 год., кога сеуште бев студент на трета година. И добив деца. Се занимавав со бизнис. Потоа, се повлеков од мојот семеен живот во 1954 год. Четири години бев сам, без било какво семејство. А потоа, по следот на нештата, преминав во одвоен ред на живот, во 1959 год. И се посветив на пишување на книги. Моето прво издание излезе во 1962 год. и кога имав три книги, тогаш тргнав во вашата земја, во 1965 год. и стигнав овде, во септември, 1965 год. Од тогаш, се обидувам да ја проповедам Свесноста за Кришна во Амеика, Канада и во Европските земји. И постепено, центрите се развиваат. И бројот на ученици исто така расне. Ќе видиме, што се ќе биде сторено.

Новинар: Како Вие самите постанавте ученик ? Што бевте односно што следевте пред да постанете ученик?

Прабхупада: Истиот принцип, како што Ви реков, вера. Еден од моите пријатели на сила ме довлечка, до мојот духовен учител. И кога разговарав со мојот духовен учител, бев поттикнат. И од тогаш, семето беше засадено.