MK/Prabhupada 0014 - Посветениците се многу возвишени

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


The Nectar of Devotion -- Calcutta, January 30, 1973

За посветеникот, Кришна е помеѓу дланките на посветеникот. Ajita, jito 'PY asau. Иако Кришна не може да биде освоен, но тој сака да биде освоен од неговиот посветеник. Тоа е позиција. Исто како кога Тој доброволно се стави себеси да биде освоен од мајката Јашода, да биде освоен од Радхарани, да биде освоен од Неговите пријатели. Кришна беше поразен и тој мора да го носи Неговиот пријател на рамо.

Практично, понекогаш гледаме дека кралот чува кловн меѓу неговите соработници, а понекогаш кловнот го навредува кралот, а кралот ужива. Кловнот понекогаш... Исто како, таму е еден познат комичар, Гопала Бон, во Бенгал. Така, еден ден кралот го праша: "Гопала, што е разликата помеѓу тебе и задникот?" Па тој веднаш го измери растојанието од кај кралот. Тој рече: "Тоа е само три стапки, господине. Разликата е само три стапки." Така, сите почнаа да се смеат. И кралот уживаше во навредата. Затоа што понекогаш тоа е потребно.

Така, Кришна исто така... Сите го фалат Него во воздигната положба. Сите. Тоа е позицијата на Кришна - на Севишниот Господин. Во Ваикунтха, постои само воздигнување. Не постои такво нешто. Но во Вриндавана, Кришна е слободен да го прифати навредувањето од неговиот посветеник. Луѓето не го знаат тоа, што е животот во Вриндаван. Така, посветениците се многу воздигнати. Радхарани нареди, "Не дозволувајте Кришна да дојде тука." Кришна не може да влезе. Тој ги замоли другите гопии: "Ве молам, дозволете Ми да влезам таму." "Не, не. Не постои наредба. Вие не може да влезете." Така, Кришна го сака тоа.