MK/Prabhupada 0028 - Буда е Бог

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Lecture on Sri Isopanisad, Mantra 1 -- Los Angeles, May 3, 1970

Гаргамуни: (чита): „Погрешно е да се мисли дека ако личноста постане вегетаријанец, ќе се спаси себеси од последиците на кршење на законите на природата. Растенијата се исто така живи. Едно живо суштество е создадено за да биде храна за друго живо суштество и тоа е законот на природата. Личноста не треба да се гордее со тоа што е стриктен вегетаријанец. Целта е да го спознаеме Севишниот Бог. Животните немаат доволно развиена свесност за да го сфатат Бог, но човечкото суштество има“.

Прабхупада: Тоа е главната поента. Исто како што постојат Будисти, кои се исто така вегетаријанци. Според Будистичкиот принцип...Во денешно време се е деградирано, а пропагандата на Господ Буда била да ги убеди тие ништожници барем да престанат да ги убиваат животните. „Ahiṁsā paramo dharma“. Појавата на Господ Буда е опишана во Шримад Бхагаватам и во другата Ведска литература. „Sura-dviṣām“. Тој дошол за да ги измами демоните. Демони...Буда смислил специјална тактика, за да ги измами демоните. И како тој всушност ги мамел? Демоните, тие се против Бог. Демоните не веруваат во Бога. Затоа, Господ Буда проповедал: „Точно, Господ не постои. Затоа следете го она што јас ќе ви го кажам“. „Да, господине“. Но, демоните не знаеле дека Буда е самиот Бог, лично. Да, тоа е мамење. Демоните не верувале во Бога, но верувале во Буда, а Буда всушност бил Бог. „Keśava-dhṛta-buddha-śarīra jaya jagadīśa hare“. Тоа е разликата помеѓу демонот и посветеникот. Личноста предадена на Кришна, забележува како Кришна, Кешава ги мами сите тие ништожници. Личноста која е предадена на Бога, тоа може да го разбере. Но, демоните си мислеле: „О, ние имаме така фин водач. Тој не верува во Бога“. (смеење): „Разбирате?“ „Sammohāya sura-dviṣām“ (ШБ 1.3.24). Токму тие Санскрит зборови се наведуваат во Шримад Бхагаватам. Оние, кои тоа го прочитале го знаат значењето на зборот „sammohāya“ да бидат збунети „sura-dviṣām“ оние кои се љубоморни на вистинските верници. „Sura-dviṣām“ значи личности кои се завидни на Ваишнавите. Атеистичката класа и демоните секогаш им завидуваат на личностите кои се предадени на Бога. Тоа е законот на природата. Погледајте го на пример овој татко, Хиранјакашипу. Тој постанал непријател на својот роден син, Прахлад Махараџ, кој имал само пет години. Која била неговата вина? Тој бил посветеник. Тоа е се. Невино момче. Тој бил, така да кажам, привлечен од пеењето на Харе Кришна мантрата. А, таткото пак постанала, горчлив непријател на својот син, кој наредил: „Убијте го ова момче“. Ако таткото може да му постане непријател на својот син, што тогаш да кажеме за другите? Значи, секогаш треба да очекувате дека кога ќе постанете предадени на Бога, цел свет може да постане непријателски настроен, кон вас. Тоа е тоа. Но, вие треба да се соочите со таков завидлив свет, затоа што ја завземате положбата на авторизирани слуги на Бог. Вашата мисија е да ги просветлите. Затоа не смеете да ги мрзите. Исто како Господ Нитјананда, кого го повредиле демоните Џагаи и Мадхаи, но Нитјананда сепак ги спасил од нивното демонско постоење. Тоа треба да биде ваш принцип. Понекогаш треба да ги мамиме демоните, понекогаш тие ќе не повредат...Од сето тоа, најбитно е како луѓето да постанат Свесни за Кришна. Тоа е всушност нашата мисија. Овака или онака, тие ништожници треба да ги пренесеме во Свесноста за Кришна, на овој или оној начин.