MK/Prabhupada 0029 - Буда ги Измами Демоните



Sri Isopanisad, Mantra 1 -- Los Angeles, May 3, 1970

И така Господ Буда ги измами демоните. А зошто тој ги мамеше? „Sadaya-hṛdaya darśita-paśu-ghātam“. Господ Буда бил многу милостив. Господ секогаш сочувствува со сите живи суштества, затоа што секое од тие суштества е Негов син. И така, тие ништожници атеисти ги убивале животните без било какви ограничувања, едноставно масовно ги убивале, а ако вие би ги прашале „Зошто ги убивате животните?“, тие веднаш би ви одговориле „Да, тоа е во Ведите „paśavo vadhāya sṛṣṭa“ “. Убивањето на животните е споменато во Ведите, но со која цел? Целта е за да се тестираат Ведските мантри. Животното би се поставило во жртвениот оган и со помош на одредена Ведска мантра животното би се обновило, подмладило. Тоа е жртвување, жртвување на животни. Тоа не се чинело за да животните се јадат. Затоа во ова време Кали, Чеитанја Махапрабху ги забранил сите такви видови на јагии, бидејќи нема брахмани кои се доволно стручни и кои можат на вистински начин да ги отпеат неопходните мантри и направат експеримент, со кој би биле сигурни дека од жртвениот оган излегува подмладено животно. Пред изведувањето на јагијата, свештениците всушност би проверувале колку всушност мантрата е моќна, по пат на жртвување на животни, на кои всушност би им бил даден нов живот. Тоа би бил знак дека свештениците кои се задолжени за мантрање на жртвените мантри се стручни. Тоа бил тест, а не убивање на животни. Но, тие ништожници ги цитирале Ведите, како би го оправдале своето јадење животни „Еве овде пишува за убивањето на животни“. Исто како во Калкута...Дали сте биле во Калкута? Таму има една улица која се вика Колеџ. Сега веќе се нарекува поинаку. Мислам дека се нарекува Видхан Раја. Во секој случај, таму постојат одредени кланици. А кланиците постојат затоа што Индусите не сакаат да купуваат месо во Муслиманските продавници. Тоа тие го сметаат за нечисто. Но, тоа всушност е иста работа т.е измет било на оваа или онаа страна. Индусите исто јадат месо и сметаат дека нивната продавница е чиста, а онаа на Муслиманите нечиста. Во суштина, се се тоа ментални шпекулации. Религијата се случува на тој начин. А потоа се караат: „Јас сум Индус“, „Јас сум Муслиман“, „Јас сум Христијанин“. А всушност, никој од нив не знае ништо за религијата. Разбирате? Сите тие ништожници ја напуштиле вистинската религија. Тука нема религија. Вистинската религија е Свесноста за Кришна која не учи како да го сакаме Бога. Тоа е се. Тоа е вистинска религија. Секоја религија, не битно дали е Хинду, Муслиманска или Христијанска е религија ако ја развива љубовта спрема Бога и тогаш всушност сте совршени во таа своја религија.