MK/Prabhupada 0098 - Станете привлечени од убавината на Кришна

Revision as of 10:41, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


The Nectar of Devotion -- Vrndavana, November 11, 1972

Madana-mohana. Madana значи сексуална привлечност. Madana - сексуална привлечност, Купид и Кришна се наречени - Madana-mohana. Човек може дури и сексуалната привлечност да ја отфрли, ако е привлечен од Кришна. Тоа е тестот. Madana е привлечноста во овој материјален свет. Сите се привлечени од сексуалниот живот. Целиот материјален свет се заснова на сексуалниот живот. Тоа е факт. „Yan maithunādi-gṛhamedhi-suhkhaṁ hi tuccham“ (ШБ 7.9.45). Овде среќата, таканаречената среќа е maithuna, maithunādi. Maithunādi значи: овде среќата започнува од maithuna - сексуалниот однос. Општо, луѓето..., мажот се жени. Целта е да се задоволи сексуалната желба. Потоа тој создава деца. Потоа повторно, кога децата ќе пораснат, тие... ќерката се мажи со друго момче, а момчето се жени со друга девојка. Тоа е повторно истата цел: секс. Потоа повторно, внуци. На овој начин, материјалната среќа е śriyaiśvarya-prajepsavaḥ. Пред некој ден разговаравме. Śrī значи: убавина, aiśvarya значи: богатство и prajā значи: потомство. Генерално, луѓето сакаат добро семејство, добро банковно салдо и добра жена, добра ќерка, снаа. Ако едно семејство се состои од убава жена и богатство и одлични..., многу деца, тоа се смета за успех. Тој маж се смета за најуспешен маж. Шастрите велат: „Што е тој успех? Тој успех започнува со сексуалниот чин. Тоа е сè. И нивното издржување“. „Yan maithunādi-gṛhamedhi-sukhaṁ hi tuccham“ (ШБ 7.9.45). Тука среќата започнува со сексуалниот живот - maithunādi. Можеме да ја презентираме на разни начини, но оваа maithuna - среќа од сексуалниот живот, постои и кај прасињата.. Прасињата исто така јадат цел ден, таму-ваму: „Каде е изметот? Каде е изметот?“ и имаат сексуален живот без било каква дискриминација. Прасињата не прават разлика дали е мајката, сестрата или ќерката во прашање. Затоа, шастрите велат: „Овде, во овој материјален свет, ние сме вплеткани, ние сме затворени во кафезот на материјалниот свет, само заради сексуалниот живот“. Тоа е Купид. Купид е богот на сексуалниот живот - Мадана. Се додека човек не е, како се вели, поттикнат од Мадана - Купид, тој не може да биде, сакам да кажам, задоволен со сексуалниот живот. Кришниното име е Madana-mohana. Madana-mohana значи: оној кој е привлечен од Кришна, ќе го заборави задоволството од сексуалниот живот. Тоа е тестот. Затоа Неговото име е Madana-mohana. Еве го Madana-mohana. Санатана Госвами го обожувал Madana-mohana. Madana или Mādana. Mādana значи да се стане луд. А Madana - Купид.

Сите се разбеснети од силата на сексуалниот живот. На многу места... Во Бхагаватам се вели: „Puṁsaḥ striyā mithunī-bhāvam etat tayor mitho hṛdaya-granthim āhur“. Целиот материјален свет се одвива на тој начин: мажот е привлечен од жената, жената е привлечена од мажот. И барајќи ја оваа привлечност, кога тие ќе се соединат, нивната врзаност за овој материјален свет станува се поголема и поголема. И на овој начин, после соединувањето или женидбата, жената и мажот, тие бараат убав дом, gṛha; kṣetra, активности, работа, фабрика или земјоделско земјиште. Затоа што мора да заработат пари. Да се набави храна. Gṛha-kṣetra; suta - деца и āpta - пријатели, vitta - богатство. „Ataḥ gṛha-kṣetra-sutāpta-vittair janasya moho 'yam“ (ШБ 5.5.8). Привлечноста за овој материјален свет станува се посилна и посилна. Тоа се нарекува madana, привлечност од madana. Но, нашата должност не е да бидеме привлечени од сјајот на овој материјален свет, туку да бидеме привлечени од Кришна. Тоа е Движењето за Свесност за Кришна. Сè додека не бидеме привлечени од убавината на Кришна, ќе мораме да се задоволиме со лажната убавина на овој материјален свет. Затоа, Шри Јамуначарја вели: „Yadāvadhi mama cetaḥ kṛṣṇa-padāravindayor nava-nava-dhāma rantum āsīt“. „Долго време од кога станав привлечен од убавината на Кришна и почнав да ги служам Неговите лотосови стапала, оттогаш добивам нова и нова енергија, само што ќе помислам на сексуалниот однос, сакам да плукнам на него“. Тоа е vitṛṣṇā, нема повеќе привлеченост... Централната точка на привлечноста во овој материјален свет е сексуалниот живот и кога човек станува одвоен од сексуалниот живот... Tadāvadhi mama cetaḥ...,

yadāvadhi mama cetaḥ kṛṣṇa-padāravindayor
nava-nava-(rasa-)dhām(anudyata) rantum āsīt
tadāvadhi bata nārī-saṅgame smaryamāne
bhavati mukha-vikāraḥ suṣṭu niṣṭhīvanaṁ ca

„Само што ќе помислам на сексуалниот однос, веднаш устата ми се врти настрана и сакам да плукнам на него“. Кришна е Madana-mohana. Madana ги привлекува сите, сексуалниот живот, и Кришна, кога човек е привлечен од Кришна, тогаш madana исто така е поразен. Во моментот кога Madana е поразен, ние ќе извојуваме победа над овој материјален свет. Во спротивно многу е тешко.