MK/Prabhupada 0111 - Следете ги упатствата, така секаде ќе бидете безбедни

Revision as of 10:47, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Morning Walk -- February 3, 1975, Hawaii

Посветеник (1): Шрила Прабхупад, Врз кој авторитет човек ги темели своите дејности?

Прабхупад: Гуруто е авторитетот.

Посветеник (1): Да, знам, но мислам на дејностите на страна од следењето на четирите регулативни принципи и мантрањето шеснаесет круга. Правиме толку многу работи во текот на денот. Врз кој авторитет човек ги темели своите постапки ако, да речеме, не живее во храмот?

Прабхупад: Не те следам. Гуруто е авторитетот. Вие сте го прифатиле.

Бали Мардана: За сè.

Џајатирта: Да речеме дека работам нешто на страна, живеам на страна, но не давам 50% од мојот приход. Таа работа што ја вршам дали треба да е одобрена од гуруто?

Прабхупад: Тогаш не ги следиш упатствата на гуруто. Тоа е факт.

Џајатирта: Тоа значи дека сите дејности во текот на денот, работата што ја вршам...не ги следам упатствата на гуруто. Тоа е мое самоволно дејствување.

Прабхупад: Да. Ако не ги следите упатствата на гуруто, веднаш паѓате. Тоа е начинот. Инаку зошто пеете: „Yasya prasādād bhagavat-prasādo?“ Моја должност е да го задоволам гуруто. Инаку не можам да напредувам. Па ако претпочитате да сте во темнина, тогаш не ги следете упатствата. Но, ако сакате да бидете втемелени во постојаност, тогаш треба потполно да ги следите упатствата на гуруто.

Посветеник (1): Можеме да ги разбереме сите твои упатства едноставно читајќи ги твоите книги.

Прабхупад: Да Како и да е, следете ги упатствата. Тоа е неопходно. Следете ги упатствата. Каде и да сте, не е важно. Безбедни сте. Следете ги упатствата. Така секаде ќе бидете безбедни. Не е битно каде сте. Како што ви кажав, јас не го видов мојот Гуру Махараџ повеќе од десет дена во животот, но ги следев неговите упатства. Бев грихаста, никогаш не живеев во Матот, во храмот. Од практични причини. Многумина браќа по Бога велеа: „Тој треба да управува со храмот во Бомбај, треба ова, треба она...“ Гуру Махараџ рече: „Да, подобро е тој да живее надвор. Така е подобро, а ќе го стори она што е потребно во свое време“.

Посветениците: Џаја! Харибол!

Прабхупад: Така рече. Тогаш не можев да разберам што очекува од мене. Секако, знаев дека сака да проповедам.

Јашоданандана: Јас мислам дека го стори тоа величествено.

Бхактите: Џаја, Прабхупад! Харибол!

Прабхупад: Да, бидејќи во потполност ги следам упатствата на мојот Гуру Махараџ, тоа е сè. Инаку немам сила. Не направив никаква магија. Нели? Не создадов злато. Сепак, јас добив подобри ученици од гуруто кој произведува злато.