MK/Prabhupada 0112 - Судете според резултатот

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Television Interview -- July 29, 1971, Gainesville

Водителот: Господине, Вие дојдовте во земјава во 1965-та, како што споменав, следејќи ги упатствата или наредбите на Вашиот духовен учител. Патем, кој е Вашиот духовен учител?

Прабхупада: Мојот духовен учител е Ом Вишнупада Парамахамса Бхактисиданта Сарасвати Госвами Прабхупада.

Водителот: Во оваа низа на ученичко наследство за која што зборувавме претходно, која се протега наназад, до самиот Кришна, дали Вашиот духовен учител е Вашиот претходник?

Прабхупада: Да. Ученичкото наследство започнува со Кришна, пред 5000 години.

Водителот: Дали Вашиот духовен учител е сè уште жив?

Прабхупада: Не. Почина во 1936-та...

Водителот: Значи Вие во моментов сте на чело на ова движење?

Прабхупада: Имам многу браќа по Бога, но јас бев избран да го направам ова уште од самиот почеток. Само се обидувам да го задоволам мојот духовен учител. Тоа е сè.

Водителот: Значи бевте испратен во оваа земја, во Соединетите Американски Држави. Ова е Вашата територија. Така ли е?

Прабхупада: Мојата територија. Тој рече: „Оди и пренеси им ја оваа филозофија на оние кои знаат англиски.“

Водителот: Онаму кај што се говори англиски.

Прабхупада: Да. А особено во западниот свет. Да. Така ми рече.

Водителот: Кога пристигнавте, господине, во земјава пред околу 15-16 години и започнавте...

Прабхупада: Не, не, не пред 15-16 години.

Водителот: Пред пет-шест години. Се извинувам. Не дојдовте во дел од светот кој е лишен од религија, знаете. Во Соединетите Американски Држави има многу религии и сметам дека луѓето во оваа земја сакаат да веруваат, барем повеќето, дека се побожни луѓе, луѓе кои веруваат во Бога, кои се посветени на некаков облик на религија. Се прашувам како Вие размислувавте. Што си мислевте дека може да придонесете кон веќе постоечките облици на религија во земјава со своето доаѓање и претставување на Вашата филозофија?

Прабхупада: Да. Кога првпат пристигнав во вашата земја бев гостин кај еден пријател од Индија во Батлер.

Водителот: Во Пенсилванија.

Прабхупада: Да, во Пенсилванија. Иако тоа беше мала држава многу ми беше драго што имаше толку цркви.

Водителот: Многу цркви. Да. Да.

Прабхупада: Да. Многу цркви. И говорев во многу од тие цркви. Мојот домаќин ми го овозможи тоа. Не дојдов тука со цел да поразам некои религиозни процеси. Тоа не ми беше намерата. Нашата мисија, мисијата на Господ Чеитанја е да ги научиме сите како да го љубат Бог, тоа е сè.

Водителот: Но на кој начин, господине, си мислевте и сè уште си мислите дека вашето учење за љубов кон Бога е различно и можеби подобро од учењата за љубов кон Бога кои веќе се применуваат во земјава и се применувале во западниот свет со векови?

Прабхупада: Тоа е така. Бидејќи ние ги следиме стапките на Господ Чеитанја. Тој се смета за... Ние сме го прифатиле како... Според авторитетот на Ведите - Тој е самиот Кришна.

Водителот: Кој Господ е тоа?

Прабхупада: Господ Чеитанја. Водителот: А, да. Оној во чиј облик Кришна пред петстотини години се појавил во Индија?

Прабхупада: Да. Тој е самиот Кришна и нè подучува како да Го сакаме Кришна. Затоа Неговиот процес е најверодостоен. Исто како што ти си стручњак во оваа установа. Кога некој работи нешто, ако ти лично го подучиш: „Направи го тоа вака,“ тогаш тоа е одобрено. Свесноста за Бога ја подучува самиот Бог. Исто како што во Бхагавад Гита Кришна е Бог. Тој ни зборува за себе. И најпосле Тој вели: „Само предај ми се на Мене. Јас ќе те заштитам.“ Но, луѓето не разбираат. Значи Господ Чеитанја... Кришна повторно дошол како Господ Чеитанја за да ги научи луѓето како да се предадат. И бидејќи ние ги следиме стапките на Господ Чеитанја, методот е толку возвишен што дури и странците кои никогаш не чуле за Кришна се предаваат. Овој метод е толку моќен. Тоа беше мојата цел. Не велиме дека: „Оваа религија е подобра од другите“ или „Мојот процес е подобар.“ Треба да процениме според резултатот. На санскрит има една изрека: phalena paricīyate. Делата се проценуваат според резултатот.

Водителот: Делата се проценуваат според...?

Прабхупада: Според резултатот.

Водителот: А, да.

Прабхупада: Може да кажете, јас можам да кажам дека мојот метод е многу добар, но треба да судиме според резултатот. Со други зборови... Бхагавата вели дека религискиот процес е онолку добар колку што ќе нè поттикне да развиеме љубов кон Бога.