MK/Prabhupada 0115 - Мојата работа е да ја пренесам пораката на Кришна



Lecture -- Los Angeles, July 11, 1971

Се радувам што овие љубезни момчиња ми помагаат да го рашириме движењето на свесноста за Кришна, а Кришна ќе ги благослови за тоа. Јас сум сосема неважен. Јас немам никаква улога. Мојата работа е само да ја пренесам пораката на Кришна. Јас сум само курир: мојата работа е да ја пренесам оваа порака. Курирот не е одговорен за содржината на писмото. А реакцијата на примателот... Откако ќе го прочита писмото, човекот ќе почувствува нешто, но курирот не е одговорен за тоа. На сличен начин, јас сум одговорен за она што го имам примено од ученичкиот след, од мојот духовен учител. Јас ја пренесувам истата порака, но без никакви промени. Тоа е мојата работа. Тоа е мојата одговорност. Морам да ги претставам работите на истиот начин како што ги претставил Кришна, како што ги претставил Арџуна, како што ги претставиле нашите учители, Господинот Чејтанја, и најпосле мојот духовен учител, Бактисиданта Сарасвати Госвами Махараџ. Така, ако го прифатите движењето за свесноста за Кришна во истиот тој дух, и ако го раширите меѓу другите луѓе, меѓу вашите сонародници, тоа сигурно ќе има влијание, зашто тоа е непроменето. Нема измама. Нема лага. Тоа е чиста духовна свесност. Само следете го и ширете го. Животот ќе ви стане возвишен.