MK/Prabhupada 0123 - Кога не принудува да се предадеме, Кришна покажува посебна наклоност



Lecture-Day after Sri Gaura-Purnima -- Hawaii, March 5, 1969

Посветеник: Може ли да побараме од Кришна да нè принуди да Му се предадеме, ако не успеваме во тоа заради нашата условеност?

Прабхупада: Да, можете да го побарате тоа од Него. И Тој понекогаш ве принудува. Кришна ве става во такви околности, што не ви остава друг избор освен да му се предадете. Да, тоа е посебна благонаклоност. Тоа е посебна наклоност. Да. Мојот духовен учител сакаше јас да проповедам, а мене не ми се допаѓаше идејата, па тој ме натера. Да, тоа е мое лично искуство. Не сакав да го прифатам редот на санјаси и да проповедам, но мојот духовен учител така сакаше. Не бев многу наклонет кон тоа, но тој ме натера. Може и така да се направи. Тоа посебна благонаклоност. Кога ме натера, во тоа време, си мислев: „Што е сега ова? Што е?“ Правам ли некаква грешка, што е ова?“ Бев збунет. Но малку подоцна можев да разберам дека тоа е најголемата наклоност што некој ми ја покажал. Разбирате? Кога Кришна ќе натера некого да Му се предаде, тоа е голема наклоност. Обично не го прави тоа. Сепак, Кришна покажува наклоност кон оној што многу искрено Му служи, но истовремено по малку посакува и материјално уживање. Во тој случај, Тој мисли: „Овој глупав човек не знае дека материјалните добра никогаш нема да го направат среќен, а искрено ја бара мојата наклоност. Значи дека е глупав. Затоа, му ги одземам оние малку средства што ги има за материјални задоволства. Тогаш нема да има друга алтернатива освен да Ми се предаде“. Тоа е наведено во Бхагавад-гита, не, во Шримад-Бхагаватам. Yasyāham anughṛnāmi hariṣye tad-dhanaṁ sanaiḥ. Кришна вели: „Ако некому сум му посебно наклонет, тогаш правам да стане сирамашен. Му ги одземам сите средства за задоволување на сетилата“. Разбирате? Тоа е наведено во Шримад-Бхагаватам. Зашто овде, во материјалниот свет, сите се обидуваат да најдат среќа со заработување повеќе пари, со бизниси, со служба, со ова или она. Но во посебни случаи Кришна прави нечиј бизнис или служба да бидат неуспешни. Ви се допаѓа тоа? (се смее) Тогаш човекот нема друга алтернатива освен да Му се предаде на Кришна. Разбирате? Понекогаш, кога сме неуспешни во нашите обиди за бизнис или заработка, се жалиме: „Ах, Кришна е толку суров со мене, не можам да поверувам“. Но тоа е наклоност, посебна наклоност. Така треба да го разберете.