MK/Prabhupada 0138 - Бог е толку добар што ќе ви ги исполни сите желби



Ratha-yatra -- Philadelphia, July 12, 1975

Дами и господа, најпрвин би сакал да ви се заблагодарам, жители на овој прекрасен град - Филаделфија. Вие сте многу љубезни и ентузијастични со вашето учество во ова движење. Јас сум ви многу благодарен. Посебно сум благодарен на овие Американски момчиња и девојки кои толку многу ми помагаат во ширењето на ова движење за свесност за Кришна во западните земји. Јас добив упатство од мојот духовен учител да ја проповедам оваа свесност за Кришна во западните земји. Така во 1965 за прв пат дојдов во Њу Јорк. Потоа во 1966 ова друштво беше официјално регистрирано во Њу Јорк и од 1967 навака ова движење редовно се одвива во Америка, Европа, Канада и јужно од Пацификот, Австралија и во целиот свет.

Ќе ве упатам малку во ова движење за свесност за Кришна. Кришна, овој збор значи сèпривлечен. Кришна ги привлекува сите живи суштества, не само човекот. Дури и животните, птиците, пчелите, дрвјата, цвеќињата, овошките, водата... Тоа е сликата на Вриндавана. Ова е материјалниот свет, Немаме искуство за духовниот свет. Но можеме барем за миг да разбереме што е дух а што материја. Само обидете се да ја сватите разликата помеѓу жив човек и мртвото тело. Мртвото тело значи дека штом живата сила во телото си отиде, тоа станува мртва материја, бескорисно. А сè додека живата сила е присутна телото има важност. Како што со ова тело имаме искуство, има нешто што е мртва материја и нешто што е животна сила, слично на тоа, постојат два света: материјалниот свет и духовниот свет. Ние, живите суштества, секој од нас, припаѓаме на духовниот свет. Не припаѓаме на материјалниот свет. На некој начин сега сме во контакт со овој материјален свет и ова материјално тело и последицата е: иако сме вечна животна сила, заради контактот со ова материјално тело мораме да ги прифатиме четирите беди: раѓање, смрт, болест и старост. Низ тоа мораме да поминеме. Во овој материјален свет добиваме некакво тело и тоа трае одредено време. Исто како било која материјална работа. На пример вашата облека. Вие сте облечени со одредена облека, но кога ќе се износи, кога не е веќе употреблива ја фрлате и земате нова. На ист начин ова материјално тело е облеката на живата духовна сила. Но бидејќи сме врзани за овој материјален свет, сакаме да го уживаме овој материјален свет, добиваме разни тела. Во Бхагавад Гита е опишано како машина. Всушност ова тело е машина. Во Бхагавад Гита се вели:

īśvaraḥ sarva-bhūtānāṁ
hṛd-deśe 'rjuna tiṣṭhati
bhrāmāyān sarva-bhūtāni
yantrārūḍhāni māyayā
(BG 18.61)

Ние живите суштества, ние посакуваме. „Човек посакува; Бог дарува.“ Бог е многу љубезен. Што и да посакате, Тој ќе ви го исполни. Но исто така Тој вели: „Овие материјални желби нема никогаш да те задоволат,“ но ние посакуваме. Затоа Бог - Кришна, нè снабдува со разни тела со цел да ги оствариме нашите желби. Тоа се вика материјален или условен живот. Оваа промена на телото во склад со желбите се нарекува еволуциски процес. По пат на еволуција доаѓаме до овој човечки облик, преку многу други милиони тела. Jalajā nava-lakṣāṇi sthāvarā lakṣa-viṁśati. Минуваме преку 900,000 видови на водни животни. Слично на тоа и две милиони форми на растенија и дрвја. На овој начин, под управа на природата таа нè доведува до овој човечки облик на живот само за да ја развиеме или разбудиме нашата свесност. Природата ни ја дава таа прилика; „Сега што сакаш да правиш? Сега доби развиена свесност. Сега повторно сакаш да минеш низ еволуцискиот процес или сакаш да одиш на повисоките планети или сакаш да одиш кај Бог - Кришна или сакаш да останеш тука?“ Овие опции постојат. Во Бхагавад Гита се вели:

yānti deva-vratā devān
pitṛn yānti pitṛ-vratāḥ
bhūtejyā yānti bhūtāni
mad-yājīno 'pi yānti mām
(BG 9.25)

Сега направи го изборот, Ако сакаш да одиш во повисокиот планетарен систем, можеш да одиш. Ако сакаш да останеш тука, во средниот планетарен систем, можеш и тоа. Ако сакаш да одиш во понискиот планетарен систем, можеш и тоа. Ако сакаш да одиш кај Бог - Кришна и тоа можеш да го направиш. До тебе е да избереш. Затоа, која е разликата помеѓу овој материјален свет, можеби во повисокиот или понискиот планетарен систем но што е со духовниот свет? Духовниот свет значи дека нема материјално искористување. Сè е дух, како што ви кажав. Дрвјата, цвеќето, овошките, водата, животните - сè е духовно. Не постои уништување, Вечен е. Ако сакате да одите во тој духовен свет, сега ја имате таа можност во овој човечки облик на живот, доколку сакате да останете во овој материјален свет, можете да останете.