MK/Prabhupada 0160 - Кришна протестира

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Conversation at Airport -- October 26, 1973, Bombay

Нашето движењето за свесност за Кришна е да ги образува луѓето да ја разберат вредноста на животот. Современиот систем за образование и цивилизацијата е толку паднат што луѓето ја заборавиле вредноста на животот. Општо земено, во овој материјален свет секој заборава за вредноста на животот, но човечката форма на живот е можноста да се разбуди важноста на животот. Во Шримад-Бхагаватам се наведува, parābhavas tāvad abodha-jāto yāvan na jijñāsata ātma-tattvam. Долго време човекот не е разбуден со свесност за самореализација, будалестото живо суштество, што и да прави е поразувачко за него. Овој пораз се одвива во пониските видови на живот, бидејќи тие не можат да разберат што е вредноста на животот. Нивната свест не е напредна. Но, дури и во човековата форма на живот, истиот пораз продолжува, ова не е многу добра цивилизација. Тоа е речиси животинска цивилизација. Āhāra-nidrā-bhaya-maithunaṁ ca samānyā etat paśubhir narāṇām. Ако луѓето едноставно се ангажираат во четирите принципи на телесни потреби - јадење, спиење, парење и одбрана - што е видливо исто така и кај животните, тоа не е некој напредок на цивилизацијата. Нашито обиди се, движењето за свесност за Кришна да ги образува луѓето да дојдат до одговорност за човечкиот живот. Ова е нашата ведска цивилизација. Проблемот на животот не се потешкотиите за неколку години за времетраење на животот. Вистинскиот проблем на животот е како да се реши повторувањето на раѓањето, смртта, староста и болестите. Има упатство во Бхагавад-гита. Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi-duḥkha-doṣānudarśanam (БГ 13.9). Луѓето се збунети од толку многу проблеми во животот, но вистинскиот проблем на животот е како да се запре раѓањето, смртта, староста и болестите. Луѓето се нечувствителни. Тие толку отупеле што не го разбираат проблемот со животот. Многу одамна, кога Вишвамитра Муни го виде Махараџа Дашаратха, Махараџа Дашаратха побара од Вишвамитра Муни, aihistaṁ yat taṁ punar janma jayaya: „Драг господине, во обидот што го правите за да ја надвладеете смртта, дали ви оди добро? Дали нешто ве запира?“ Ова е нашата Ведска цивилизација, како да се надвладее раѓањето, смртта, староста и болестите. Но, во модерното време не постојат такви информации, ниту пак некој е заинтересиран. Дури и големите, големи професори, тие не знаат што се случува после животот. Тие не веруваат дека има живот и по смртта. Ова што се случува е слепа цивилизација. Ние се обидуваме малку да ги образуваме луѓето, дека целта на животот, особено човековата форма на живот, е различена од телесните потреби на животот: јадење, спиење, парење и бранење. Во Бхагавад-гита, исто така, се вели, manuṣyāṇāṁ sahasreṣu kaścid yatati siddhaye: (БГ 7.3) „Од многу милиони луѓе, еден може да се обиде да стане успешен во неговиот живот.“ Siddhaye, siddhi. Ова е сидхи, како да се надвладее раѓањето, смртта, староста и болестите. И, manuṣyāṇāṁ sahasreṣu kaścid yatati siddhaye. Современиот цивилизиран човек е толку затапен, не знае што е сидхи. Тие мислат дека „Ако добијам пари и еден бунгалов и еден автомобил, тоа е сидхи.“ Тоа не е сидхи. Можете да добиете за неколку години многу убав бунгалов, автомобил, убаво семејство. Но, секој момент овој аранжман ќе биде завршен и ќе мора да прифатите друго тело. Тоа е дека не знаете. И ниту тие сакаат тоа да го знаат. Тие станаа толку отупени, иако се многу горди на образованието, напредокот на цивилизацијата. Но, ние протестираме. Ние протестираме. Јас не протестирам. Кришна протестира. na māṁ duṣkṛtino mūḍhāḥ prapadyante narādhamāḥ māyayāpahṛta-jñānā āsuraṁ bhāvam āśritāḥ (БГ 7.15) Овие неранимајковци, најниски од човечкиот род и секогаш ангажирани во грешни активности, таквите лица не се свесни за Кришна. „Не. Има толку многу образовани магистри, доктори на науки.“ Кришна вели, māyayāpahṛta-jñānāḥ. „Наводно, тие се многу образовани, но, нивното вистинско знаење го однесе маја.“ Āsuraṁ bhāvam āśritāḥ. Оваа атеистичка цивилизација е многу опасна. Луѓето страдаат поради овие причини. Но, тие не се многу сериозни. Затоа Кришна им се обраќаат како мудхах, неранимајковци. Na māṁ duṣkṛtino mūḍhāḥ. Ние се обидуваме малку повеќе да ги направиме овие мудхи, мудха цивилизацијата, да дојдат на светлината на духовниот живот. Тоа е нашиот скромен обид. Но, веќе е кажано, manuṣyāṇāṁ sahasreṣu: (БГ 7.3) „Од многу милиони луѓе, тие можат да го прифатат тоа.“ Manuṣyāṇāṁ sahasreṣu kaścid yatati siddhaye. Но, тоа не значи дека ќе застанеме. Исто како во нашите училишта, училишни денови, Господинот Ашутош Микхерџи започна некои повисоки студии, пост-дипломски студиски часови во универзитетот. Имаше еден или двајца студенти, но сепак, наставата се одржуваше по цена од неколку илјадници рупии, не сметајќи дека има само еден студент или двајца студенти. Слично, ова движење за свесноста за Кришна мора да продолжи. Не е важно дека будалестите луѓе не го разбираат или не доаѓаат до него. Ние мораме да ја направиме нашата пропаганда. Ви благодарам многу.