MK/Prabhupada 0164 - Варнашрама дхарма мора да се воспостави за да го олесни патот



Room Conversation Varnasrama System Must Be Introduced -- February 14, 1977, Mayapura

Хари-Шаури: Но во практичното проповедање на Чаитанја Махапрабху Тој само ги навел да мантраат.

Прабхупада: Тоа не е возможно за обичните луѓе.

Хари-Шаури: Што, едноставно да ги наведе луѓето да пеат? Тој го вовел само мантрањето.

Прабхупада: Но кој ќе мантра? Кој ќе мантра?

Сатсварупа: Но ако не сакаат да мантраат, нема да сакаат ниту да се обучуваат во Варнашрама. Тоа е најлесно.

Прабхупада: Мантрањето ќе се одвива, но не можете да очекувате дека луѓето ќе мантраат како Чаитанја Махапрабху. Тие не можат да мантраат дури ни шеснаесет кругови. (И) овие никаквеци ќе бидат Чаитанја Махапрабху.

Сатсварупа: Не. Но ако барем мантраат и земат малку прасадам...

Прабхупада: Мантрањето ќе се одвива. Тоа не е запрено. Но во исто време варнашрама дхарма мора да се воспостави за да го олесни патот.

Хари-Шаури: Па, барем моето разбирање беше дека мантрањето е воспоставено во времето на Кали бидејќи варнашрама е невозможна.

Прабхупада: Бидејќи ќе го прочисти умот. Мантрањето нема да застане.

Хари-Шаури: Мантрањето е воспоставено да ги замени сите системи на варнашрама и така натака.

Прабхупада: Да, може да ги замени, но кој ќе го направи тоа? Луѓето не се толку напредни. Ако го имитирате Харидаса Тхакура во мантрање, нема да ви успее.

Сатсварупа: Ние им велиме: „Продолжете со вашата работа но исто така мантрајте".

Прабхупада: Да. Thākaha āpanāra kāje, Бхактивинода Тхакура. Āpanāra kāja ki. Чаитанја Махапрабху препорача, sthāne sthitaḥ Ако тие не останат во стхана, тогаш мантрањето на сахаџиите ќе се појави. Исто како сахаџиите, тие имаат бројаница и…, но имаат и триесет и шест жени. Ваквиот вид на мантрање ќе продолжи. Исто како нашиот Мадхудвиша. Тој не беше спремен за санјаса но му беше дадена санјаса. Беше приврзан за пет жени, и тој се довери. Затоа варнашрама дхарма е потребна. Едноставно со правење шоу нема да успее. Варнашрама дхарма треба да се воспостави насекаде низ светот, и...

Сатсварупа: Да се воспостави почнувајќи од заедницата на ISKCON?

Прабхупада: Да. Да. Брахмани, Кшатрии. Мора да има редовно образование. Хари-Шаури: Но во нашата заедница, ако…бидејќи се обучуваме како Ваишнави...

Прабхупада: Да.

Хари-Шаури: …тогаш како ќе бидеме во можност да го поделиме друштвото?

Прабхупада: Ваишнава не е така лесно. Варнашрама дхарма треба да биде воспоставена за да се стане Ваишнава. Не е толку лесно да се стане Ваишнава.

Хари-Шаури: Не, тоа не е евтино нешто.

Прабхупада: Да. Затоа ова треба да се направи. Ваишнава, да се стане Ваишнава, не е толку лесно. Ако Ваишнава, да се стане Ваишнава е толку лесно, зашто толку многу паѓаат, паѓаат? Тоа не е лесно. Санјаса е за најквалификуваниот брахмана. А едноставно облекувањето како Ваишнава, тоа е… пад.

Хари-Шаури: Значи варнашрама системот е за каништа, каништа адикари.

Прабхупада: Каништа?

Хари-Шаури: Кога некој е на нивото на почетник.

Прабхупада: Да. Да. Каништа адикари, да.

Хари-Шаури: Варнашрама системот е поволен.

Прабхупада: Каништа адикари значи тој мора да биде брахмана. Тоа е каништа адикари. Духовниот живот, каништа адикари, значи тој мора да биде квалификуван брахмана. Тоа е каништа. Она што се смета за многу висока положба во материјалниот свет - брахмана, тоа е каништа адикари.