MK/Prabhupada 0191 - Контролирај го Кришна - тоа е животот во Вриндаван



Lecture on SB 6.1.52 -- Detroit, August 5, 1975

Прабхупада: Со милоста на Кришна, со милоста на гуруто, обајцата. Немој да се обидуваш да земеш милост од еден. Guru kṛṣṇa kṛpāya pāya bhakti-latā-bīja. Со милоста на гуруто може да се дојде до Кришна. И, kṛṣṇa sei tomāra, kṛṣṇa dite pāro. Да му се пријде на гуру, значи само да се моли од него за Кришна. Kṛṣṇa sei tomāra. Бидејќи Кришна е Кришна на посветеникот. Кришна е господарот, но кој го контролира Кришна? Неговиот посветеник. Кришна е врховниот контролор, но тој е контролиран од неговиот посветеник. Тоа е, Кришна е bhakti-vatsala. Исто како големиот татко, судија на врховниот суд. Има една приказна за Премиерот Гладстоун, кога некој дошол да го види. И Господинот Галдстоун го информирал „Почекај. Зафатен сум“. Така тој чекал со часови, па тој почнал да се распрашува: „Што работи овој господин?“ Така тој сакал да погледне внатре, и ...Тој се преправил во коњ и го ставил неговото дете на грбот Тоа работел тој. Можеш да видиш? Премиерот, ја контролира Британската Империја, но тој е контролиран од детето, од љубов. Тоа се вика љубов.

Слично, Кришна е врховниот контролор.

īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ
sac-cid-ānanda-vigrahaḥ
anādir ādir govindaḥ
sarva-kāraṇa-kāraṇam
(Бс. 5.1)

Тој е врховниот контролор, но тој е контролиран од Неговата посветеничка, Шримати Радхарани. Тој е контролиран. Не е лесно да се сфати какво е минатото помеѓу...Но, Кришна доброволно сака да биде контролиран од Неговиот посветеник. Тоа е во природата на Кршна. Исто како мајката Јашода, Мајката Јашода го контролира Кришна, врзувајќи го Него: „Ти си многу непослушен, ќе те врзам“. Мајката Јашода има стап и Кришна плаче. Кришна плаче. Овие работи, вие ги учите. Напошано е во Шримад Бхагаватам, Во молитвите на Кунти, како таа го цени „Мој драг Кришна, Ти си Врховниот. Но, кога плачеш од стапот на Мајка Јашода, таа сцена сакам да ја видам“. Кришна е bhakta-vatsala, така Тој е Врховниот контролор. Но, посветеник како Мајка Јашода, посветеник како Радхарани, посветеници како гопиите, посветеници како краварчињата, тие можат да го контролираат Кришна. Тоа е живото во Вриндаван.

Движењето за свесност на Кришна се обидува да ве однесе таму. Неразумните луѓе, тие отстапуваат. Тие не ја знаат важноста на ова движење за свесност на Кришна. Тие се обидуваат да му дадат на ова општество највисока добробит, позиција. Тие не сакаат да бидат едно со Бога, но тие си дозволуваат да го контролираат Бога. Ова е движење за свесност на Кришна.

Ви благодарам многу.

Посветениците: Џај!