MK/Prabhupada 0202 - Кој може да сака повеќе од Проповедникот?



Morning Walk -- May 17, 1975, Perth

Амогха: Ноевите ги пикаат главите во земјата.

Прабхупада: Да.

Парамахамса: Ама мора да има некаков напредок зашто многу луѓе се приклучуваат на движењето Харе Кришна.

Прабхупада: Тие навистина напредуваат. Bhava-mahā-dāvāgni-nirvāpaṇam. Нивните материјални проблеми ќе завршат. Тие напредуваат. Ceto-darpaṇa-mārjanaṁ bhava-mahā-dāvāgni-nirvāpaṇam (ЧЧ Антја 20.12). Харе Кришна мантрата ќе ги исчисти нивните валкани срца и кога ќе станат навистина чисти, проблемите на материјалната егзистенција ќе завршат. Нема веќе да има проблеми.

Парамахамса: Изгледаат среќни, ама...Посветениците на Кришна изгледаат среќни, ама не вршат некоја практична работа. Секогаш пеат, танцуваат и бараат пари. Не работат практични работи. Ние работиме разни практични нешта.

Прабхупада: Танцувањето не е работа? Пишувањето книги не е работа? Продавањето книги не е работа? Што е тогаш работа? А? Скокање како мајмуните? Тоа ли е работа?

Амогха: Ние практично им помагаме на луѓето, на пример во болница, или на алкохоличарите...

Прабхупада: Како им помагате? Мислите дека ако некој појде во болница нема да умре? Како им помагате? Само мислите дека помагате.

Амогха: Ама живеат подолго.

Прабхупада: Уште една будалаштина. Колку долго ќе живеете? Кога ќе дојде време за умирање, нема да живеете ни момент подолго. Кога ќе дојде смртта, животот завршува. Можат ли вашите инјекции и лекови да дадат уште една минута живот? Има ли таков лек?

Амогха: Изгледа има.

Прабхупада: Не...

Амогха: Понекогаш, кога ќе ти дадат лек, живееш подолго.

Парамахамса: Велат дека кога ќе ја усовршат трансплантацијата на срце, луѓето ќе можат да живеат...

Прабхупада: Можеби велат...Ама ние ги сметаме за никаквеци, зошто да им веруваме на зборовите? Треба само да сме свесни дека се никаквеци. (Некој извикува, Прабхупада лае на шега. Смеа.) Уште еден неранимајко. Ужива во животот. Светот е полн со неранимајковци. Можеме да будеме само песимистични, а не оптимистични за овој свет. Ако не сте песимистични, нема да можете да си одите дома. Ако имате љубов за овој свет, ако велите дека е добар, тогаш ќе морате да останете овде. Да. Кришна е строг.

Парамахамса: Но Исус вели: „Љуби го својот брат како себеси“. Ако ги љубиме своите браќа...

Прабхупада: Тоа го правиме. Им ја даваме свесноста за Кришна. Тоа е љубов, вистинска љубов. Им даваме вечен живот, вечна радост. Ако не ги љубиме, зошто толку се трудиме? Проповедникот мора да ги сака луѓето. Зошто инаку би се трудел? Тој може да проповеда и дома, за себе. Зошто толку се мачи? Зошто на осумдесет години дојдов овде ако не ги сакам своите браќа? Кој може да ве сака повеќе од проповедникот? Тој ги сака дури и животните. Затоа проповеда: „Не јадете месо“. Дали тие ги сакаат животните, тие никаквеци? Тие само јадат и си ја сакаат земјата, тоа е сè. Никој не сака вистински. Тоа е само задоволување на сетилата. Ако некој љуби, значи дека е свесен за Кришна, тоа е сè. Останатите се неранимајковци. Се грижат само да ги задоволат сетилата, а ставаат табла со натпис: „Ги љубам сите“. Со тоа се занимаваат. А будалите ги прифаќаат: „Ах, овој човек е голем филантроп“. Тој не љуби никого освен своите сетила. Толку. Тој е слуга на своите сетила, тоа е сè.