MK/Prabhupada 0206 - Во Ведското општество не станува збор за пари

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Morning Walk -- October 16, 1975, Johannesburg

Прабхупада: Тргнете од начелото дека сите луѓе се никавеци, а потоа подучувајте ги. Тоа е потребно. Претпоставете дека сите се никаквеци. Не мислете: „Овој човек е интелигентен, овој е никаквец, овој е...“. Прво прифатете ги сите како никаквеци, потоа почнете да ги подучувате. Тоа е она што е потребно. Тоа ни треба. Во денешново време светот е полн со никаквеци. Но, ако ја прифатат свесноста за Кришна, тогаш можете да ги класифицирате. Правете како што јас ве подучувам. Вие станавте брахмани откако се обучивте за тоа. Оној што е спремен да биде обучен за брахмана, ќе го класифицирате како брахмана. Оној што е обучен за кшатрија, ќе го ставите во групата на кшатрии. Така се постигнува cātur-varṇyaṁ māyā sṛṣ...

Харикеша: Значи, кшатријаta ги смета сите во основа за шудри, а потоа бира од нив.

Прабхупада: А?

Харикеша: Тој ги класификува...

Прабхупада: Не, не. Вие ги класификувате...Ги гледате сите луѓе како шудри. А потоа...

Харикеша: Ги класификуваме.

Прабхупада: Ги класификувате. Тие што не се ниту брахмани, ниту кшатрии, ниту ваишји, тие се шудри. Тоа е сè, многу едноставна работа. Ако некој не може да се обучи за инжењер, останува обичен човек. Нема принуда. Така се организира општеството. Нема присила. Шудрите се исто така потребни.

Пушта Кришна: Во модерново општество, мотивот на луѓето да се образуваат или да станат инжењери се парите. Што е мотивот во ведското општество?

Прабхупада: Нема потреба од пари. Браманите подучуваат сè бесплатно. Не станува прашање за пари. Секој може да се школува како брахмана, кшатрија или ваишија. Иако на ваишиите не им е потребно образование. На кшатриите им треба малку, а на брахманите им треба многу. Но, образованието е бесплатно. Само најдете брахмана гуру и тој ќе ве учи бесплатно. Тоа е сè. Тоа е општество. Во денешно време, кога некој ќе посака да добие образование, веднаш му требаат пари. Но во ведското општество не станува прашање за пари. Образованието е бесплатно.

Харикеша: Значи, мотивот е среќата во општеството?

Прабхупада: Така е. Сите ја бараат: „Каде е среќата?“ Среќата навистина ќе се постигне кога луѓето ќе станат спокојни, среќни со животните услови, тоа ќе донесе среќа, а не кога си мислат: „Ако имам облакодер, ќе бидам среќен“, а потоа скокаат од облакодерот и извршуваат самоубиство. Ете, тоа се случува. Човек си мисли: „Ако добијам облакодер, ќе бидам среќен“, а кога е незадоволен од нешто, скока од него. Ете, такви работи се случуваат. Ова е среќата. Но, сите се никаквеци. Не знаат што е среќата. Затоа на сите им е потребно водство од Кришна. Тоа е свесноста за Кришна. Ми кажувавте дека овде има висока стапка на самоубиства?

Пушта Кришна: Да.

Прабхупада: Зошто? Оваа земја е рудник на злато, зошто некој би...? Велите дека овде е тешко некој да стане сиромашен.

Пушта Кришна: Да, треба многу да се потрудиш за да станеш сиромашен.

Прабхупада: А сепак има самоубиства. Зошто? Сите се богати, зошто тогаш си го одземаат животот? А? Можете да ми одговорите?

Посветеник: Не се вистински среќни?

Прабхупада: Да, нема вистинска среќа.