MK/Prabhupada 0214 - Ова движење може силно да се шири сè додека сме посветеници

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Room Conversation 1 -- July 6, 1976, Washington, D.C.

Прабхупада: Во Индија ни е понудено огромно земјиште. Но немаме луѓе да раководат со него.

Сваруп Дамодар: Јас исто така добив писмо од Манипур. Од доживотниот член - Кулавида Сингх, тој е загрижен дека младите луѓе денес се откажуваат од религиските учења, и тој сака да воспостави некаков вид на училиште...

Прабхупада: Таа (нејасно) катастрофа ја направи Вивекананда, yato mata tato patha (нејасно).

Сваруп Дамодар: Така што веднаш... Тие сакаа да започнат огранок на ИСКОН и тој беше...

Прабхупада: Мислам дека нема да биде тешко. Манипур е...

Сваруп Дамодар: Ке биде многу лесно, затоа што...

Прабхупада: ...Ваишнави. Ако тие сфатат, тоа ке биде многу добро.

Сваруп Дамодар: Сите, дури и владата учествува. Тие ми напишаа писмо велејќи дека можат да ни дадат убаво земјиште, парцела и...

Прабхупада: О, да. Е сега храмот на Говиндаџи?

Сваруп Дамодар: Храмот на Говиндаџи го презеде владата, јас разговарав со нив, напишав писмо...

Прабхупада: Владата, тие незнаат правилно да управуваат.

Сваруп Дамодар: Тие не управуваат правилно.

Прабхупада: Тие не можат. Штом нешто го преземе државата, посебно во Индија, отиде во државни раце, се разграбува. Влада значи: сè крадци и измамници. Како тие ќе управуваат? Тие едноставно ке проголтаат што и да добијат. Влада значи... Тие не можат да управуваат, тие не се посветеници. Тој треба да биде во рацете на посветеници. (нејасно), оние што обожуваат за плата, тие сакаат пари, тоа е сè. Како можат да управуваат со храм? Тоа е невозможно.

Сваруп Дамодар: Тоа станува политички проблем.

Прабхупада: Тоа е сè?

Сваруп Дамодар: Се мешаат во политика. Тоа... Нема никаква поврзаност со обожувањето.

Прабхупада: Во секој случај, затоа владата треба да го предаде во рацете на посветениците. Ние сме препознаени посветеници, ИСКОН. Доколку сакаат вистинско управување. Ние управуваме со многу центри, со помош на посветеници. Не може да се управува со сите овие нешта со луѓе кои работат за плата. Невозможно е.

Посветеникот: Не.

Прабхупада: Тие никогаш... Тие нема... Ова движење може силно да се шири сè додека сме посветеници, во спротивно ќе исчезне. Не може да биде водено од никој однадвор. Не. Само посветениците. Тоа е тајната.

Посветеникот: Не можеш да платиш посветеник.

Прабхупада: Молам?

Посветеникот: Не можеш да купиш посветеник.

Прабхупада: Тоа е невозможно. Посветеникот: Можеш да купиш некого да го брише подот, но не можеш да купиш проповедник.

Прабхупада: Не, тоа е невозможно. Тоа е невозможно. Сè додека останеме посветеници, нашето движење ќе тече без прекин.

Посветеникот: Посветениците треба да го преземат светот.

Прабхупада: Да, тоа е многу добро за светот.

Посветеникот: Да. Прабхупада: Ако посветениците го преземат управувањето со целиот светот тогаш сите ќе бидат среќни. Нема сомнеж за тоа. Кришна тоа го сака. Тој сакаше Пандавите да бидат на чело на владата. Затоа Тој зеде учество во битката: „Да, вие треба да бидете... Сите Каурави треба да бидат убиени и Махараџ Јудхиштхира ставен на престолот“. Тоа го направи Тој: Dharma-saṁsthāpanārthāya. Paritrāṇāya sādhūnāṁ vināśāya ca duṣkṛtām (BG 4.8). Тој сака сè да се одвива беспрекорно и луѓето да станат свесни за Бога. И така нивниот живот да стане успешен. Тоа е планот на Кришна. „Овие никаквеци кои ги заведуваат луѓето и нивните... тие добија човечки облик на живот кој залудно го потрошија“. Затоа јас зборував за: „Која е смислата на независноста? Кучешка игра“. Животот е потрошен. Тие ќе го потрошат нивниот живот и во следниот ќе станат кучиња, а овие големи, големи згради само ќе зјапаат, тоа е сè. Каква добробит ќе им дадат големите згради на овие луѓе кои ке станат кучиња во следниот живот? Земајќи го како теорија, дека оние кои ги изградија овие големи, големи згради, во следниот живот ке станат кучиња.

Сваруп Дамодар: Но тие не знаат дека во следниот живот ке станат кучиња.

Прабхупада: Тоа е проблемот. Тие не го знаат тоа. Затоа, māyā (илузорната енергија).