MK/Prabhupada 0217 - Положбата на Девахути е онаа на совршената жена

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Lecture on SB 3.28.1 -- Honolulu, June 1, 1975

Оваа принцеза, која е ќерка на Ману, таа започна да го служи Кардама Муни. И во јога-ашрамот (кој бил колиба), немало добра храна, немало слуги и ништо слично. Таа со времето станала многу кревка и слаба, а била многу убава, ќерка на кралот. Кардама Муни се замислил: „Нејзиниот татко ми ја даде, а нејзиното здравје и убавина почнаа да се влошуваат. Сега јас како нејзин маж морам да направам нешто за неа". Тој со неговата јогичка моќ изградил голем летечки град. Тоа е јогичка моќ. А не 747. (смеење) Огромен град, имало езерца, градини, имало слуги, големи палати и сето тоа лебдело во небото, тој ѝ ги покажал сите разни планети. На овој начин...Тоа стои во четвртото поглавје, можете да прочитате. Како јоги тој ја задоволил во секој поглед. Потоа таа сакала деца. Кардама Муни зачнал во неа девет ќерки и еден син, со ветувањето дека: „Штом ќе ги добиеш децата, јас ќе си одам. Јас нема вечно да живеам со тебе". Таа се согласила. Откако ги добила децата од кои едното е Капиладева - синот, кога и Тој пораснал, Тој исто така рекол: „Драга мајко, Мојот татко си замина од дома. Јас исто така ќе си заминам. Доколку сакаш да добиеш некои упатства од Мене, можеш да ги добиеш. Потоа јас ке си одам". Значи пред да си замине Тој и дал упатства на Неговата мајка.

Сега, оваа положба на Девахути е онаа на совршена жена. Таа имала добар татко, таа имала добар маж и таа имала извонреден син. Жената има три стадиуми во животот. Мажот има десет стадиуми. Овие три стадиуми значат дека кога е млада, таа мора да живее под заштита на нејзиниот татко. Исто како Девахути, кога таа подпораснала, млада, таа му предложила на татка си: „Сакам да се омажам за тој господин, тој јоги". Таткото исто така предложил. Значи сè додека не била мажена, таа била под заштита на нејзиниот татко. Кога се омажила таа останала со својот маж-јоги. Таа минала низ многу тешкотии затоа што била принцеза, ќерка на крал. А овој јоги, тој живеел во колиба, без храна, засолниште, ништо слично. Таа морала да страда. Таа никогаш не рекла: „Јас сум ќерка на кралот. Јас израснав во раскошен живот. Сега имам маж кој не може да ми понуди убав стан, убава храна. Се разведувам". Не. Тоа никогаш не се правело. Немало таков став. „На било кој начин, мојот маж, што и да е тој, затоа што прифатив одреден господин за мој маж, морам да се грижам за неговите удобности, било каква да е неговата положба, не е важно". Тоа е должноста на жената. Но тоа е Ведско упатсво. Во денешно време, штом се појави мало несовпаѓање, несогласување - развод. Барај друг маж. Не. Таа останала. Потоа таа го добила најубавото дете, Божјата Личност - Капила. Тоа се трите стадиума. Жената треба да се стреми...Најпрвин, по нејзината карма добива засолниште кај одреден татко, потоа кај одреден маж, а потоа ќе роди убаво дете како Капиладева.