MK/Prabhupada 0261 - Кришна и бхактата, се во иста положба



Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Прабхупада: Сега во вашата држава, овие млади момци се обидуваат да го проповедаат ова движење за свесност на Кришна. Мојата понизна молба до сите е да се обидете да го разберете овој возвишен благослов на животот. Едноставно пеејќи Харе Кришна, во потполност ќе развиете трансцедентален став на љубов кон Кришна. Штом почнете да го сакате Кришна, сите ваши неволји... Тоа значи дека ќе чуствувате потполно задоволство. Неволјата или несреќата доаѓа од умот. Еден човек заработува 6000 долари месечно, а друг 200 долари месечно. Но, видов човек во Калкута, кој заработуваше 6,000. И тој се самоуби. Направи самоубиство. Зошто? Тие пари не можеле да му пружат задоволство. Се обидел да има нешто друго. Таа материјална атмосфера, заработување на многу пари, никогаш нема да ви пружи задоволство, затоа што секој од нас е слуга на сетилата. Ниво на служењето на сетилата треба да се трансформира во ниво на служење на Кришна и тогаш ќе видите дека, сите проблеми се решени. Ви Благодарам многу. (Бхактите оддаваат почитување) Некакво прашање? Бхакта: Прабхупада, сликата на Кришна е апсолутна, зарем не? Тоа е Кришна. Дали е сликата на чистиот бхакта апсолутна, на истиот начин? Прабхупада: Слика на бхакта? Бхакта: Чист бхакта. Прабхупада: Да. Бхакта. Апсолутна е на истиот начин, така што... Прабхупада: Да. Бхакти: Да кажеме дека сликата на Прахлад Махараџ и Господ Нарасимха-дева е исто така... Прахлада е присутен подеднакво како Господин Нарасимха-дева. Прабхупада: Да. Господ и Неговиот бхакта се на иста положба. Секој од нив. Господ, Неговото име, Неговиот облик, Неговите придружници, Неговата парафеналија. Се е апсолутно. „Nāma guṇa rūpa līlā pari...“. И забавите. Како што ние слушаме за Кришна. Тоа е неразлично од Кришна. Кога е присутно пеењето Харе Кришна, тоа Харе Кришна, таа вибрација не е различна од Кришна. Се е апсолутно. Затоа, чист посветеник на Кришна е неразличен од Кришна. Истовремено, еднакво и различно. „Acintya-bhedābheda-tattva“. Оваа филозофија мораме да ја разбереме, дека Кришна е Врховната Личност, енергетик и дека се што гледаме и искусуваме, се различните Кришнини енергии. И енергијата и енергетикот не може да бидат одвоени. Затоа, сите тие се на апсолутно ниво. А, кога е прекриена со маја или незнаење, сосема е поинаква. Тоа е се.