MK/Prabhupada 0271 - Името на Кришна е Ачута. Тој никогаш не паѓа

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Lecture on BG 2.7 -- London, August 7, 1973

Квалитетот е ист, но количината е различна. Бидејќи квалитетот е ист, значи ние ги имаме истите склоности што Господ ги има, како што Кришна ги има. Кришна има љубовни склоности со Неговата енергија на задоволства, Шримати Радхарани. Слично на тоа, бидејќи сме делчиња од Кришна, исто така ја добиваме оваа љубовна склоност. Ова е свабхава. Но, кога ќе дојдеме во контакт со материјалната природа ... Кришна не доаѓа во контакт со материјалната природа. Затоа, името на Кришна е Ачута. Тој никогаш не паѓа. Но, ние сме склони да паѓаме, да бидеме под ... Prakṛteḥ kriyamāṇāni. Сега сме под влијание на пракрити. Prakṛteḥ kriyamāṇāni guṇaiḥ karmāṇi sarvaśaḥ (БГ 3.27). Веднаш штом ќе паднеме во канџите на оваа пракрити, материјалната природа, што значи ... Пракрити е составена од три квалитети, добрина, страст и незнаење. Попримаме еден од квалитетите. Тоа е причината, kāraṇaṁ guṇa-sanga (БГ 13.22). Guṇa-saṅga. Значи дружење со различни квалитети. Guna-saṅga asya jīvasya, на живите суштества. Тоа е причината. Некој може да се запраша: „Ако живото суштество е исто толку добро како Бог, зошто едно живо суштество станало куче, а едно живо суштество станало бог, полубог, Брама?“ Сега одговорот е каранам. Причината е guṇa-saṅga asya. Asya jīvasya guṇa-saṅga. Бидејќи тој се дружи со одредена гуна. Сатва-гуна, раџа-гуна, тама-гуна. Овие работи се опишуваат многу сликовито во Упанишадите, како функционира гуна-санга. Исто како огнот. Постојат искри. Понекогаш искрите паѓаат од огнот. Сега постојат три услови за паѓање на искрите. Ако искрата падне на сува трева, тогаш веднаш може да ја запали тревата, сувата трева. Ако искрата паѓа на обична трева, тогаш таа гори некое време, а потоа се гасне. Но, ако искрата падне во вода, веднаш ќе изгасне, својството да гори. Оние што се заробени од сатва-гуна, сатва-гуна, се интелигентни. Имаат знаење. Исто како брахмана. И оние кои се заробени од раџа-гуна, тие се зафатени со материјални активности. И оние кои се заробени во тама-гуна, тие се мрзливи и поспани. Тоа е се. Ова се симптоми. Тама-гуна значи дека се многу мрзливи и поспани. Раџа-гуна значи многу активен, но активен како мајмун. Исто како мајмун многу активни, но сите се опасни. Штом ... Мајмунот никогаш нема да го видите неактивен. Секогаш кога ќе седне, тој ќе прави, „гат гат гат гат.“