MK/Prabhupada 0401 - Извадок од Смисолот на Шри Шри Шикшаштакхам

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Purport Excerpt to Sri Sri Siksastakam -- Los Angeles, December 28, 1968

Господ Чаитанја Махапрабху ги упатил своите ученици, да пишуваат книги за науката за свесноста за Кришна. Задача која ја извршувале оние, кои до ден денешен го следат. Објаснувањата и представувањето на филозофијата, учена од Господ Чаитанја се всушност поголеми, поточни и покоегзистентни., поради непрекинатото ученичко наследство, од било која религијска култура во светот. Сепак, Господ Чаитанја, во Својата младост и самиот широко признат како учен, ни остави, само осум стихови, наречени Шикшаштакам. Сета слава на Шри Кришна санкиртана, кој го чисти срцети, од целата собрана прашина, низ годините. Затоа, оганот на условениот живот, на раѓање и смрт е угасен. Втор стих. Ох, мој Господе, Твоето свето име, самото може да ги подари, сите благослови на живото суштество и затоа Ти мора да имаш, стотини милиони имиња, како Кришна, Говинда,...итд. Во овие трансцедентални имиња, Ти си ги ставил сите Свои трансцедентални енергии и нема тешко и лесно правило, за мантрање на овие свети имиња. Ох, мој Господе, Ти така љубезно го направи пристапот до Тебе, толку лесен, преку Твоите свети имиња, но за жал, каков што јас сум, јас немам привлечност кон нив. Три. Една личност може да ги мантра светите имиња на Господ, во понизна состојба на умот, сметајќи се себеси, за помал од тревка на улица, потолерантен од дрво, без лажен углед, подготвен да го понуди целото почитување за другите. Во таква состојба на умот, личноста може да ги мантра, светите имиња на Господ, постојано.