MK/Prabhupada 0421 -Десетте навреди да се избегнат при пеењето на маха-мантрата - 1-5



Lecture & Initiation -- Seattle, October 20, 1968

Мадхудвиша: Шрила Прабхупада? Дали треба да ги прочитам десетте навреди? Прабхупада: Да. Мадхудвиша: Ги имаме овде. Прабхупада: Само види. Продолжи со читање. Да, читај. Мадхудвиша: „Десетте навреди да се избегнат при пеењето на маха-мантрата. Број еден: Да се навредува Господовиот посветеник.“ Прабхупада: Сега само обидете се да разберете. Било кој посветеник на Господа не треба да се навредува. Не е важно во која било земја. Исто како Господ Исус Христос, тој е голем посветеник. Дури и Мухамед и тој е посветеник. Не е тоа, дека ние сме посветеници, а тие не се посветеници. Не мислете така. Секој што ја проповеда Божјата слава, тој е посветеник. Не треба да се навредува. Треба да бидете внимателни. Потоа? Мадхудвиша: „Број два: Да ги сметате Господ и други полубогови на исто ниво, или да претпоставувате дека постојат многу богови.“ Прабхупада: Да. Исто како што има многу бесмислени луѓе кои велат дека полубоговите ... Се разбира, си немате работа со полубоговите. Во Ведската религија има стотици и илјадници полубогови. Особено се случува тоа, да го обожувате Кришна или Господа Шива или Кали, е едно исто. Тоа е бессмилено. Вие не треба, мислам да, ги сместите (нив) на исто ниво со Врховниот Господ. Никој не е поголем од Господа. Никој не му е рамен на Господ. Значи, оваа еднаквост треба да се избегнува. Потоа? Мадхудвиша: „Број три: Занемарување на наредбите на духовниот учител.“ Прабхупада: Да. Наредбите на духовниот учител треба да бидат како вашиот живот и душа. Тогаш сè ќе биде јасно. Потоа? Мадхудвиша: „Број четири: Да се минимизира авторитетот на Ведите.“ Прабхупада: Да. Никој не треба да ги минимизира авторизираните списи. Ова е, исто така навреда.. Потоа? Мадхудвиша: „Број пет: Толкување на светите Божји имиња.“ Прабхупада: Да. Сега, исто како што ние пееме Харе Кришна, така претходниот ден едно момче викаше: „симболично.“ Тоа не е симболично. Кришна, ние пееме „Кришна,“ обраќајќи му се на Кришна. Харе значи се обраќаме на Кришнината енергија и ние се молиме, „Ве молам вклучете ме во Вашата служба.“ Тоа е Харе Кришна. Не постои друго толкување. Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна, Харе Харе, Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе. Единствената молитва е: „О Господова енергијо, О Господ Кришна, Господ Рама, Ве молам, вклучете ме во Вашата служба.“ Тоа е сè. Нема друго, второ толкување.