MK/Prabhupada 1067 - Мораме да ја Прифатиме Бхагавад Гита Без Лични Толкувања и Измени

Revision as of 12:39, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Постојат сите можности, за малите целосни единици наречени живи суштества, да ја сфатат Целосната Вистина. Секое чувство на непотполност е искусено, на сметка на непотполното знаење за Врховната целина. Бхагавад Гита е потполно знаење на Ведската мудрост. Целокупното Ведско знаење е непогрешиво. Има различни примери, зошто го сметаме Ведското знаење за непогрешиво. Да ги земеме на пример Индусите и како тие го прифаќаат Ведското знаење, како потполно, следи еден безначаен пример. На пример изметот од кравата. Кравјиот измет е измет од животно. Според, смрити или Ведската мудрост, ако една личност го допре изметот од едно животно, треба да се избања, за да се прочисти себеси. Но, во Ведските списи е напишано дека кравјиот измет е чист. И нечистото место или нечистите работи се прочистени, со допирот од кравјиот измет. Некој, може да аргументира, дека на едно место се вели дека изметот од животното е нечист, а на друго место се вели дека кравјиот измет, кој исто така е измет од животно е чист, а тоа е контрадикторно. Но, всушност, изгледа како контрадикторно, бидејќи тоа е Ведска инструкција, која ние ја прифаќаме, од практични причини. И со тоа прифаќање, ние не правиме грешка. Откриено е од модерните хемичари, модерната наука, од Др.Лал Мохан Госал, кој многу внимателно го анализирал кравјиот измет, дека тој е мешавина со антисептички својства. Идентично, ја анализирал и водата од Ганга, поради чиста љубопитност. Мојата идеја е дека Ведското знаење е потполно, бидејќи е над сите сомнежи и грешки. Така и Бхагавад Гита е суштината на целото Ведско знаење. Ведското знаење, според тоа е непогрешиво. Ведското знаење доаѓа до нас, низ низот на ученичко наследство. Затоа, Ведското знаење не е резултат на некое истражување. Нашата истражувачка работа е несовршена, бидејќи е производ кој е добиен со несовршени сетила. Затоа, резултатот на нашата истражувачка работа е исто така несовршен. Не може да биде совршен. Ние треба да прифатиме совршено знаење. Совршеното знаење доаѓа, како што е објаснето во Бхагавад Гита, по пат на...„evaṁ paramparā-prāptam imaṁ rājarṣayo viduḥ“ (БГ 4.2), (Оваа врвна наука е примена низ непрекинатиот ланец на ученици. И светите кралеви ја разбрале на тој начин ). Треба да го примиме знаењето, од вистинскиот извор на ученичко наследство на духовни учители, почнувајќи од Самиот Господ. Всушност, Бхагавад Гита е изречена од Самиот Господ. А, Арџуна, ученикот, кој слушал лекции од Бхагавад Гита, ја прифатил целата содржина, каква што е без било какво исфрлање делови, без измени. Тоа, исто така не е дозволено т.е да прифатиме одреден дел од Бхагавад Гита, а да отфрлиме друг. Тоа е неприфатливо. Мораме да ја прифатиме Бхагавад Гита без лични измени и толкувања и без наше сопствено каприциозно учество, затоа што треба да се прифати како, најсовршено Ведско знаење. Ведското знаење е добиено од трансцедентален извор, бидејќи првиот збор е изговорен од Самиот Господ. Зборовите изговорени од Господ се нарекуваат апаурушеја и не се испорачани од било која инфицирана личност од смртниот свет, личност инфицирана со четирите принципи на несовршеност. Живото суштество од смртниот свет има четири принципи на несовршено знаење, кои се 1) склоно е кон правење грешки, 2) склоно е некогаш да биде во илузија, 3.) сигурно ќе се обиде да ги измами другите и 4) опремено е со несовршени сетила. Со сите овие четири принципи на несовршеност, личноста не е во состојба, да ја пренесе совршената информација, за сеприсутното знаење. Ведите не се такви. Ведското знаење, било првенствено соопштено во срцето на Брахма, првото креирано живо суштество. А Брахма потоа, го пренесол своето знаење на неговите синови и ученици како што тој го слушнал од самиот Бог.