MK/Prabhupada 1069 - Религијата ја Пренесува Идејата за Верата. Верата Може да се Промени - Санатана-дхармата Никогаш



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Значи, санатана - дхармата е веќе опишана горе, а всушност Севишниот Господ е санатана исто како и неговото трансцедентално пребивалиште, кое се наоѓа над духовното небо е исто така санатана. И живите суштества, се исто така санатана. Следствено на тоа, дружењето со санатана Севишниот Господ, санатана живите суштества, во санатана вечното пребивалиште е крајна/највисока цел на човечката форма на живот. Господ е толку љубезен со живите суштества, затоа што живите суштества се сите Негови синови/деца. Господ вели „sarva-yoniṣu kaunteya sambhavanti mūrtayo yāḥ“( БГ 14.4), ( „Треба да се знае дека Јас сум Отецот на сите видови на живи суштества...кои се раѓаат во материјалниот свет“ ). На секое живо суштество, на секој тип на живо суштество...Има различни типови на живи суштества, според нивната различна карма, а Господ тврди дека Тој е таткото на сите живи суштества и затоа Господ се симнува во материјалниот свет, за да ги поврати сите тие заборавени условени души назад на санатана - дхармата, на санатана небото, така што санатана живото суштество, ќе се поврати во неговата санатана позиција во вечното друштво на Господ. Господ лично се појавува во форма на различни инкарнации. Или Тој ги испраќа своите слуги, во форма на синови или соработници или ачарји, само за да ги поврати условените души. И затоа, санатана - дхармата не е било каков секташки процес на религија. Тоа е вечната служба, на вечните живи суштества во однос со вечниот Севишен Господ. Кога зборуваме за санатана - дхармата, тоа значи вечно занимавање на живото суштество. Шрипада Рамануџачарја го објаснил зборот санатана како: „она што нема ни почеток ни крај“. А кога зборуваме за санатана - дхармата треба да ја прифатиме здраво за готово, онака како ја објаснува авторитет како Шрипада Рамануџачарја, а тоа е она што нема ни почеток ни крај. Зборот религија е малку поинаков од санатана - дхармата. Религијата ја носи идејата на верата, а верата може да се промени. Една личност може да има верба во еден одреден процес, а потоа може да ја промени својата верба и да ја насочи во друг. Но, санатана - дхармата значи она што не може да се промени. Исто како водата и нејзиното својство да е течна. Нејзиното својство да е течна, не може да се промени. Топлината и огнот. Својството на топлина, на огнот не може да се промени. Слично, вечната функција на вечните живи суштества, која е позната како санатана - дхарма, не може да се промени. Не може да се промени. Треба да откриеме, која е вечната функција на вечното живо суштество. Затоа, кога зборуваме за санатана - дхармата, требаме да ја прифатиме - здраво за готово - онака како што, авторитет како Шрипада Рамануџачарја ја објаснува, она што нема ни почеток ни крај. Она што нема ни крај, ни почеток, не може да биде работа која е секташка или ограничена, од било каква граница. Кога држиме, конференции/предавања на тема санатана - дхарма, луѓето кои припаѓаат на некои привремени религиозни вери, може погрешно да помислат, дека ние се занимаваме со некоја секташка тема. Но, ако длабоко навлеземе во материјата и земеме се на ниво и во светлото на модерната наука ќе биде возможно, да ја видиме санатана - дхармата како бизнис/занимавање на сите луѓе, во светот т.е сите живи суштества во универзумот. Религиозната вера која не е санатана, може да има почеток негде, во аналите на човечкото општество, но нема говор, за постоење на некоја историја на санатана - дхармата, затоа што таа по след на нештата, во континуитет е поврзана со историјата на вечните живи суштества. Што се однесува за живите суштества, од авторитетот на шастрите дознаваме дека за живите суштества не постои ни раѓање ни смрт. Во Бхагавад - гита е јасно објаснето дека живото суштество не е никогаш родено, ниту пак некогаш умира. Тоа е вечно, неуништиво и продолжува да живее после деструкцијата/уништувањето на неговото привремено материјално тело.