MK/Prabhupada 1078 - Како да се Окупира Умот и Интелегенцијата да Мислат Дваесет и четири часа на ден на Бог

Revision as of 12:45, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Кога имаш силно чувство за љубов за Севишниот Бог, тогаш е возможно да ги одработувш своите должности, а во исто време да се сеќаваш на Господ. Значи, ние треба да го развиеме тоа чувство, на ист начин како што Арџуна секогаш мислел на Господ. Тој, не можел да го заборави Кришна, ни една секунда во денот од дваесет и четири часа. Тој бил константен придружник на Кришна, а во исто време и кшатрија ( воин ). Господ Кришна не го советувал Арџуна, да се откаже од неговата борба и да оди во шума или на Хималаите и да медитира. Кога Арџуна бил посоветуван да го прифати јога системот, Арџуна одбил, велејќи дека „Овој систем не е возможен за мене“ (БГ 6.33), ( Арџуна рече: „О Мадхусудана, системот на јога кој Ти го изнесуваш изгледа непрактичен и неиздржлив за мене - затоа што умот е див и нестабилен“ ). А потоа Господ рекол: „Yoginām api sarveṣāṁ mad-gatenāntarātmanā“ (БГ 6.47), ( „Од сите јоги, оној кој секогаш е постојан во Мене и кој секогаш размислува за Мене...“). „Mad-gatenāntarātmanā śraddhāvān bhajate yo māṁ sa me yuktatamo mataḥ“ (БГ 6.47), ( „Оној кој Ме слави со полна верба и посветено служење - тој е соединет со Мене преку јогата и најголем јоги е од сите“ ). Значи личноста која мисли на Севишниот Бог секогаш, најголем јоги е од сите и најголем гјани ( филозоф ) од сите, а воедно и најголем посветеник од сите. Господ советува „tasmāt sarveṣu kāleṣu mām anusmara yudhya ca“ (БГ 8.7), ( „Поради тоа Арџуна, секогаш сеќавај се на Мене, во формата на Кришна и извршувај ги своите пропишани должности како воин“ ). „Како кшатрија не можеш да се откажеш од твојата должност да се бориш. Ти треба да се бориш. А во исто време ако секогаш се сеќаваш на Мене, твојата пропишана должност, ќе биде возможна“ „anta-kāle ca mām eva smaran“ (БГ 8.5), „тогаш ќе биде возможно да се сетиш на Мене во време на смртта“. „Mayy arpita-mano-buddhir mām evaiṣyasy asaṁśayaḥ“ (БГ 8.7), ( „Кога твоите активности ми се посветени и предадени на Мене и твојот ум и интелигенција фиксирани на Мене - тогаш ќе Ме достигнеш, без сомнеж...“). Тој повторно вели дека нема сомнеж, ако личноста е целосно предадена на службата за Господ, трансцедентална служба и љубов за Бог „mayy arpita-mano-buddhir“ (БГ 8.7), ( „со умот и со интелегенцијата...“). Затоа што, ние всушност, не работиме со нашето тело. Ние делуваме со нашиот ум и интелегенција. Тоа значи дека, ако нашата интелигенција и ум се секогаш вклучени со мислата за Врховниот Господ, тогаш природно и нашите сетила, ќе бидат вклучени во службата за Господ. Тоа е тајната на Бхагавад Гита. Личноста треба да ја научи таа уметност, како со умот и интелигенцијата, дваесет и четири часа на ден, да мисли на Господ. И тоа ќе помогне да личноста се пренесе, во царството на Бог или во духовна атмосфера, после напуштањето на материјалното тело. Модерните научници, се обидуваат со години и години, да стигнат на месечевата планета и сеуште не стигнале на неа. Но, овде во Бхагавад Гита, ја наоѓаме следната сугестија. Да замислиме дека еден човек има уште педесет години да живее и кога тој...би се обидел, да се воздигне себеси во духовните идеи за тие педесет години на живот, што никој во пракса не се обидува тоа да го чини...,тоа би била одлична идеја. Но, дури личноста и да се обиде да се занимава со таа пракса десет или пет години, таа пракса би била лесно можна. Тоа е само работа на пракса. „Mayy arpita-mano-buddhir“ (БГ 8.7), ( „Да ги посветиш своите активности на Мене и да го фиксираш твојот ум и интелигенција на Мене...“). И таа пракса би била лесно можна, со посветениот процес наречен, шраванам. Шраванам. Најлесниот процес е процесот на слушање. „Śravaṇaṁ kīrtanaṁ viṣṇoḥ smaraṇaṁ pāda-sevanam arcanaṁ vandanaṁ dāsyaṁ sakhyam ātma-nivedanam“ (ШБ 7.5.23), ( „...слушање, пеење и сеќавање за светото име, формата, квалитетите,...и забавите на Господ Вишну“ ). Служејќи ги Неговите лотосови стапала, славејќи го, нудејќи Му молитви, постанувајќи Негов слуга, сметајќи го Господ за најдобар пријател и предавајќи Му го телото, умот и зборовите во име на службата кон Него. Од овие девет процеси, најлесниот е едноставното слушање.