MK/Prabhupada 0011 - Една личност може да го обожува Кришна, внатре во својот ум

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Една личност може да го обожува Кришна, внатре во својот ум
- Prabhupāda 0011


Lecture on BG 4.28 -- Bombay, April 17, 1974

Во Бхакти-расамрита-синдху, има една приказна...Не е измислена. Вистинска е. Таа опишува, еден брахмана - кој бил голем посветеник и сакал да понуди, многу значајна служба, арчана, во Храмот за обожување. Но, тој немал пари. И додека седел на предавање од Бхагавата слушнал дека Кришна може да се обожува, внатре во умот. Тој ја искористил таа можност, затоа што за тоа размислувал, веќе подолго време, како да го обожува Кришна многу грандиозно, но немал пари. Така, кога дошол до моментот на знаење, дека Кришна може да се обожува, внатре во умот, седнал под едно дрво, после бањањето во реката Годавари и внатре во својот ум, конструирал, многу величествен симхасана трон, кој бил накитен со накит. Го ставил Божеството на тронот, го посипал со вода од Ганга, Јамуна, Годавари, Нармада, Кавери. Потоа, го облекувал Божеството многу убаво, му понудил цвеќе, цветен венец/гарланд. Потоа, готвел многу фино, парамана, сладок ориз. Сакал да го проба, бидејќи бил многу топол. А параманата се јаде ладна. Параманата не се јаде многу топла. Затоа, го ставил својот прст на параманата и неговиот прст се изгорел. А потоа, неговата медитација се прекинала, бидејќи тука немало ништо. Едноставно, со својот ум, тој се работел. Но...Тој видел дека неговиот прст е изгорен и бил многу изненаден. На овој начин, Нарајана од Ваикунтха, се смеел. Лакшмиџи прашал, "Зошто се смееш?" "Еден од Моите посветеници ме обожува вака. Испратете го Мојот човек, веднаш да го доведе на Ваикунтха." Затоа, бхакти јогата е толку фина, затоа што иако немате средства да му понудите на Божеството убаво обожување, тоа можете да го сторите, со вашиот ум. Тоа е исто така можно.