MK/Prabhupada 0025 - Кога Ќе Претставиш Нешто Вистинско, Не лажно, Ќе Функционира

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Кога Ќе Претставиш Нешто Вистинско, Не лажно, Ќе Функционира
- Prabhupāda 0025


Conversation with Yogi Amrit Desai of Kripalu Ashram (PA USA) -- January 2, 1977, Bombay

Јоги Амрит Десаи: Имам толку љубов за тебе, а реков и дека морам да дојдам на даршан ( лично да те видам ).

Прабхупада: Благодарам.

Јоги Амрит Десаи: Им велев на бхактите, им велев дека ти си...

Прабхупада: Дали се дружиш со Др.Мишра?

Јоги Амрит Десаи: Не, не се дружам. Тоа и го реков на сите бхакти овде. Реков, Шри Прабхупада е првиот човек кој го донесе бхакти-то на запад ( служењето на Врховниот Бог ), каде тоа е најпотребно. Тоа е затоа што на запад, луѓето имаат толку многу работи во главата, па само мислат, мислат и мислат... Патот на љубовта за Бога е многу возвишен.

Прабхупада: Ете гледаш. Така е кога ќе представиш нешто вистинско, не лажно.

Јоги Амрит Десаи: Потполно вистинско.

Прабхупада: Тогаш тоа ќе биде, правилно сфатено.

Јоги Амрит Десаи: Затоа така прекрасно расте, затоа што е вистинско.

Прабхупада: Должноста на Индијците е на другите да им подарат вистинска работа. Тоа се нарекува "para-upakara". Пред мене, сите свамија и јогии, отидоа таму ( на Запад ) за да мамат таму.

Јоги Амрит Десаи: Не, тие се плашеа да ја изложат вистината, од страв дека нема да бидат прифатени.

Прабхупада: Тие не ни знаеа што е вистина. ( смеење ). Нема говор дека биле уплашени. А и зошто би биле? Ако некој се наоѓа на ниво на вистина, зошто би бил уплашен?

Јоги Амрит Десаи: Сигурно.

Прабхупада: Тие не знаеја што е вистина, почнувајќи од Вивекананда.

Јоги Амрит Десаи: Така е, се до таа точка. Гледаш, откога ти дојде...на Запад... И јас бев таму во шеесеттите години. И тогаш почнав да подучувам јога. Но, откако ти дојде - постанав безстрашен и почнав да подучувам бхакти и да пеам Мантри. И сега, имаме многу бхакти ( преданост на Бог ) во ашрамот, многу бхакти. И тебе ти оддадов почитување, затоа што се плашев, бхактито да им го дадам на западњаците..., мислејќи "Тие се Христијани. Ним нема да им се допадне предаденоста на Бог многу. Тие тоа нема правилно да го сфатат." Но, Ти изведе чудо. Низ тебе Бог, Кришна изведе вистинско чудо. Тоа е многу зачудувачко, најголемото чудо на земјата. Во тоа сум потполно убеден.

Прабхупада: Многу е љубезно од тебе, такво нешто да изјавиш. Ако понудиме вистинска работа, таа ќе функционира.

Јога Амрит Десаи: Точно. Тоа е она што и јас го правам. Имаме околу 180 луѓе, кои постојано престојуваат во ашрамот и сите живеат во целибат. Сите стануваат во 4.00 ч. наутро и одат на спиење во 9.00 ч. навечер. Тие дури не се допираат еден со друг. Сите спијат во одделни простории. Дури седат одвоено, за време на сат-сангата ( дружењата, општествените активности ). Се тука е многу стриктно. Нема дрога, нема алкохол, нема месо, нема чај, нема кафе, нема лук и кромид. Се е чисто.

Прабхупада: Многу добро. Да. Ние исто така се придржуваме до сите тие правила.

Јоги Амрит Десаи: Да.

Прабхупада: Имате ли Божество ?

Јоги Амрит Десаи: Да. Господ Кришна и Радха се нашите Божества. Мојот гуру е Свами Крипалу - ананди. Тој има ашрам во близина на Барода, во Индија. Тој ја практикувал својата садхана ( духовни активности ) 27 години, од кои 12 години поминал во потполна тишина и молчење. Во последните неколку години, би проговорил само еднаш или два пати годишно, на барање на многуте следбеници...

Прабхупада: Тој не пее мантри?

Јоги Амрит Десаи: Пее. За време на неговиот престој во тишина, дозволено му е да пее Мантри. Тој исто така вели..."кога ќе го изговараш името на Господ Бог...", тоа не се смета за прекин на тишината и затоа тој мантра.

Прабхупада: Тишината всушност значи дека не треба да се зборуваат глупости. Треба да се пее Харе Кришна Мантра. Тоа е вистинското значење на медитацијата во тишина: Наместо да губиме време, разговарајќи за материјални работи, ајде сите да ја мантраме Харе Кришна химната. Тоа е позитивно. Додека молчењето е всушност негативно. Да престанеме со глупости, ајде да зборуваме за она што има смисла.

Јоги Амрит Десаи: Да, всушност така е. Се согласувам.

Прабхупада: Param drstva nivartate (BG 2.59). Param drstva nivartate. Ако една личност престане со бесмисленостите, тоа е затоа што искусила "param"... Севишниот Бог...."Param drstva nivartate" - го отфрла сетилното уживање после спознанието на Бог. Кога имате подобри работи, тогаш природно ги отфрлате глупостите. Се што е материјално се смета за ѓубре. Карма ( активности насочени кон материјални резултати ), гјана ( материјално знаење ), јога ( јога насочена кон материјална перфекција), се се тоа материјални дисциплини. Карма, гјана, јога. Дури и другите таканаречени јоги се материјални.