MK/Prabhupada 0051 - Затапениот Мозок Не Може да Разбере што има После ова Тело

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Затапениот Мозок Не Може да Разбере што има После ова Тело
- Prabhupāda 0051


Interview with Newsweek -- July 14, 1976, New York

Новинар: Дали сметате дека движењето за Свесноста за Кришна еден ден ќе се рашири на сите луѓе во светот?

Прабхупада: Тоа не е возможно. Тоа е повеќе за најинтелегентната класа на луѓе. Тоа е, ова движење, е за најинтелегентната класа на луѓе. Новинар: Но, меѓу најинтелегентните класи.

Прабхупада: Доколку личноста е од интелегентната класа, припаѓа на..., неможе да разбере. Ние не очекуваме дека секој е интелегентен. „Kṛṣṇa ye bhaja se baḍa catura“. Се додека личноста не е многу интелегентна, неможе да стане свесна за Кришна, бидејќи тоа е поинакво нешто. Луѓето се задлабочени во телесниот концепт на животот. Ова е над тоа. Затапениот мозок неможе да разбере што е над ова тело. Заради тоа, не можеме да очекуваме дека секој ќе ја сфати свесноста за Кришна. Тоа не е возможно.

Новинар: Многу се зборува за генетско усовршување на човештвото или да речеме, обиди за генетско усовршување.

Прабхупада: Што е генетика?

Новинар: Значи...Што е генетско усовршување?

Бали-мардана: Вчера дискутиравме за науката за генетиката. Тие се обидуваат да ги разберат карактеристиките, како телото и умот се формираат, за потоа да ги променат.

Прабхупада: Тоа веќе го...Каде е таа книга?

Рамешвара: Книгата на Сваруп Дамодар.

Прабхупада: Да. Донеси ја.

Рамешвара: Кое е вашето прашање?

Новинар: Моето прашање е...Претходно спомнавте за употребата на технолошки алатки и ако постои некое општество каде што има некое...

Прабхупада: Таа книга не е тука? Еве овде?

Новинар: Дозволете да ве прашам. Ако преку технологијата, човечкиот род биде унапреден на некој начин, со други зборови, ако просечниот човек стане поинтелегентен, за кого тогаш ќе сметате дека е интелегентен човек...

Прабхупада: Интелигентен човек...Тоа е оној кој сфаќа дека не е телото - дека тој е во телото...Како кога имате кошула. Вие не сте таа кошула. Секој може да разбере. Вие сте во кошулата. Слично, личноста што сфаќа дека таа не е телото - дека таа е во телото...Тоа секој може да го сфати, која е разликата кога телото е мртво? Затоа што живата сила во телото заминала, телото го нарекуваме мртво.

Новинар: Но, постојат некои многу интелегентни луѓе кои не се духовно просветлени. можеби дури и луѓе кои сфаќаат дека тие не се или дека телото не е се, дека телото е мртво и постои нешто друго. Зошто таквиот човек не е духовно свесен?

Прабхупада: Доколку личноста не го разбира ова едноставно нешто, дека таа не е телото, таа не е подобра од животно. Тоа е првото сфаќање од духовното ниво. Доколку личноста мисли дека е телото, тогаш таа е во иста категорија со животните.

Рамешвара: Нејзиното прашање е... Да речеме дека некој има некаква верба во живот по смртта и тој исто така можеби е интелигентен согласно материјалните стандарди. Зар тој автоматски...?

Прабхупада: Не, материјалниот стандард не е интелигенција. Материјалниот стандард е дека: „Јас сум ова тело. Јас сум Американец. Јас сум Индиец. Јас сум лисица. Јас сум куче. Јас сум човек“. Тоа е материјално сфаќање. Духовното сфаќање е над тоа и е „Јас не сум ова тело“. Кога личноста се обидува да ја разбере таа духовна идентификација, тогаш таа е интелигентна. Инаку таа не е интелигентна.

Новинар: Дали тоа значи...

Прабхупада: Тие се опишани како mūḍha. Mūḍha значи магаре. Значи ова е првото разбирање, дека личноста не треба да се идентификува со ова тело.

Новинар: Кои разбирања следат потоа...?

Прабхупада: Исто како куче. Кучето сфаќа дека тоа е телото. Доколку човекот, исто така, сфаќа дека - тој е телото - тогаш тој не е подобар од куче.

Новинар: Кои други сфаќања следат по ова?

Бали-мардана: Откако ќе реализираш дека не си телото, што доаѓа следно?

Прабхупада: Ха! Тоа е интелегентно прашање. Потоа личноста треба да дојде до сознание „Јас сум ангажиран единствено во овој телесен концепт на живот. Па, кој е тогаш мојот ангажман?“ Тоа е барањето на Санатана Госвами, „Ме ослободи од материјалните ангажмани. Сега поучи ме што е моја должност“. За тоа сознание личноста треба да пријде на духовен учител, за да дознае, која е тогаш нејзината должност. „Доколку не сум ова тело, тогаш која е мојата должност? Бидејќи сум зафатен цел ден и ноќ за ова тело. Јадам, Спијам, Имам секс, Се бранам - тоа се се телесни потреби. Доколку не сум ова тело, тогаш што е моја работа?“ Тоа е интелегенција.

Рамешвара: Ти рече: „Што е следното откако ќе сфатиш дека не си ова тело?“ Прабхупада вели дека следно нешто е да откриеш што треба да работиш и за таа цел, се информираш кај себе-осознаена душа или духовен учител.

Новинар: Духовен учител во вид на книги.

Бала-мардана: Лично или...

Пуста Кришна: Прабхупада објасни дека во телесниот концепт имаме толку многу должности. Работиме, имаме секс, јадеме, спиеме, се браниме - толку многу работи. Сите тие се однесуваат на телото. Но, доколку јас не сум ова тело, тогаш што е мојата работа? Која е мојата одговорност? Кога личноста ќе го сфати ова, следното нешто е дека мора да побара инструкции од духовен учител, да напредува и да разбере која е вистинската должност. Тоа е многу важно.

Прабхупада: Дури и за јадењето, спиењето, сексуалниот живот и бранењето ни треба знаење од учител. Да речеме во врска со јадењето, применуваме знаење од експерт за тоа каква храна да земаме, кои видови на витамини, кои видови на...Значи за тоа исто така е потребна едукација. И за спиењето исто така е потребна едукација. За телесниот концепт на живот, личноста добива знаење од другите. А, кога е над тој телесен концепт на живот, таа сфаќа „Јас не сум ова тело, јас сум духовна душа“ - слично на тоа, таа треба да добие лекции и да биде поучена од експерт.