MK/Prabhupada 0105 - Оваа Наука се разбира од Парампара Системот на ученичко наследство

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Оваа Наука се разбира од Парампара Системот на ученичко наследство
- Prabhupāda 0105


Lecture on BG 18.67 -- Ahmedabad, December 10, 1972

Посветеник: Шрила Прабхупада, некој постави прашање: „Кој ќе го продолжи ова движење после тебе?“

Прабхупада: Тој кој ме прашува, тој тоа ќе го стори. ( смеење )

Индиски човек ( 5 ): Можам ли да ги прашам, моите добри посветеници за вашиот план за продолжување на водењето на вашето движење, после вас. Она што следи, после Шри Бхактиведантха Прабху, да биде задржано и да се одржи такво ниво на: Харе Кришна, Харе Кришна.

Прабхупада: Тоа е споменато во Бхагавад Гита:

imaṁ vivasvate yogaṁ
proktavān aham avyayam
vivasvān manave prāha
manur ikṣvākave 'bravīt
(БГ 4.1)

Прво, Кришна ја изговорил науката за свесност за Кришна на богот на Сонцето, а богот на Сонцето, тоа знаење го објаснил на Ману. И Ману, тоа го објаснил на неговиот син Икшвакуу. „Evaṁ paramparā-prāptam imaṁ rājarṣayo viduḥ“ (БГ 4.2). Значи, оваа наука е усвоена со разбирање од страна на парампарата, ученичкото наследство. Како што, по пат на парампара системот разбравме од мојот Гуру Махараџ, на истиот начин, моите ученици кои тоа ќе го разберат, ќе продолжат да го одржуваат понатаму. Тоа е процесот. Тоа не е нова работа. Тоа е стара работа. Едноставно, ние мора да ја делиме правилно, онака како што сме слушнале од нашите претходни Ачарји. Затоа, во Бхагавад Гита е препорачано, ācārya upāsanam, една личност треба да пристапи на Ачарја. Ācāryavān puruṣo veda. Едноставно со нагаѓање, по основ на таканаречената ученост, тоа не е возможно. Не е возможно. Една личност мора да пристапи на Ачарја. Ачарјата доаѓа по пат на парампара системот на ученичко наследство. Затоа, Кришна препорачува: „Tad viddhi praṇipātena paripraśnena sevayā“ (БГ 4.34). „Една личност би требала да му пристапи на Ачарјата и да се обиде, да разбере се, по пат на praṇipāta, предавање“. Таа цела работа зависи од предавањето. Ye yathā māṁ prapadyante. Процесот на предавање, големината на предавањето е начинот да се разбере Кришна. Ако потполно се предадеме, тогаш ќе го разбереме Кришна потполно. Ако делумно се предадеме, тогаш ќе го разбереме Кришна делумно. Значи, ye yathā māṁ prapadyante. Тоа е големина на предавањето. Оној кој се предал во потполност, тој може да ја разбере оваа филозофија и може, да проповеда исто така, со Милоста на Кришна.