MK/Prabhupada 0159 - Големи, големи планови да ги образуваат луѓето како да работат тешко



Lecture on SB 5.5.15 -- Vrndavana, November 3, 1976

Во големите, големи градови како Калкута, Бомбај, Лондон, Њујорк, секој работи многу тешко. Не дека во големите градови луѓето лесно може да ја добие нивната храна. Не. Секој мора да работи. И секој работи тешко. Дали мислите дека сите се на исто ниво? Не. Тоа не е можно. Судбина. Судбина. Еден човек работи тешко дење и ноќе, дваесет и четири часа; едноставно добива две чапати, тоа е сè. Видовме во Бомбај. Тие живеат во таква лоша состојба, што дури и во текот на денот мора да имаат керозинска ламба. Во такво место тие живеат и во толку валкана состојба. Дали тоа значи дека сите во Бомбај живеат многу луксузно? Не. Слично на тоа, секој град. Тоа е невозможно. Вие не може да ја подобрите вашата економска позиција, едноставно со тешко работење. Тоа не е можно. Да работете тешко или не, тоа што е наменето за вас, ќе го добиете. Затоа нашата енергија треба да се искористи ... mal-loka-kāmo mad-anugrahārtah. Енергијата треба да се искористи како да се задоволи Кришна. Тоа треба да се направи. Енергијата треба да се искористи за таа намена, да не се губи енергијата едноставно заради лажна надеж дека " Јас ќе бидам среќен. Јас ќе го направам тоа. Јас ќе го направам она. Ќе направам пари така. Јас ... " Приказната за грнчарот. Грнчарот си планира. Тој има неколку садови и планира, „Сега ги имам овие четири сада и ќе ги продадам. Ќе направам некој профит. Потоа ќе имам десет садови. Тогаш ќе го продадам десетте садови, ќе направам профит. Ќе направам дваесет садови, а потоа триесет садови, четириесет садови. На овој начин ќе станам милионер. А во исто време ќе се оженам и ќе ја контролирам мојата сопруга на овој и оној начин. И ако е непослушна, тогаш ќе ја шутнам вака.“ Кога шутна, тој ги шутна садовите и сите садови се скршија. (смеа) Тогаш неговиот сон заврши. Гледате? Слично на тоа, ние едноставно сонуваме. Со неколку саксии ние едноставно сонуваме дека "овие садови ќе се зголемат во толку многу садови, толку многу садови, толку многу садови,“ а потоа крај. Не си замислувајте, правете план. Тоа е... Гуруто, духовниот учител и владата треба да бидат внимателни дека „овие измамници можеби нема да направат план. Овие измамници не може да направат план да бидат среќни.“ Na yojayet karmasu karma-mūḍhān. Ова е карма-џагат, овој свет. Овој материјален свет е тоа. Тие веќе се наклонети, па каква е користа од тоа? Loke vyayāyāmiṣa-madya-sevā nityāstu jantuḥ. Исто како и сексуалниот живот. Сексуалниот живот е природен. Не е потребно универзитетско образование како да уживате во сексот. Тие ќе уживаат во тоа. Никој ... „Никој не е научен како да плаче или како да се смее или да ужива во сексуалниот живот.“ Постои бенгалска поговорка. Тоа е природно. Вие не барате образование за оваа карма. Сега тие прават големи, големи планови да ги образуваат луѓето како да работат тешко. Ова е губење на време. Образовната институција треба да биде за учење на луѓето како да станат свесни за Кришна, а не да станат ова или она. Тоа е губење време, бидејќи таа програма никогаш нема да биде успешна. Tal labhyate duḥkhavad anyataḥ sukhaṁ kālena sarvatra gabhīra-raṁhasā. Законот за природата работи со Prakṛteḥ kriyamāṇāni guṇaiḥ karmāṇi sarvaśaḥ (БГ 3.27). Како и да е ... Затоа во нашата ведска цивилизација луѓето се задоволни во својата положба, брахмана, кшатрија, ваишја, шудра. Без оглед што ќе добијат со Божјиот благослов, тие биле задоволни. Вистинската енергија била искористена како да се квалификуваат за да ја добијат милост на Кришна. Тоа се бара, да научиме како да му се предадеме на Кришна. Потоа ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi (БГ 18.66). Тоа беше крајот. Во Индија не наоѓаме дека ... Големите мудреци, ṛṣis, напишале толку многу книги, но живееле во колиба. Само кралевите, кшатриите, затоа што морале да владеат, изградиле големи, големи палати. Никој друг. Тие живееле многу едноставен живот, многу едноставен живот. Не губеле време за т.н. економски развој, изградба на облакодери, метро и така натаму, итн. Ова не е ведска цивилизација. Ова е асурска цивилизација.