MK/Prabhupada 0161 - Да станете Ваишнава и да чувствувате за страдањата на човештвото



His Divine Grace Srila Bhaktisiddhanta Sarasvati Gosvami Prabhupada's Disappearance Day, Lecture -- Los Angeles, December 9, 1968

Ако стриктно се обидеме да му служиме на духовниот учител, неговите наредби, тогаш Кришна ќе ни ги даде сите услови. Тоа е тајната. Иако не постоеја можности, никогаш не помислив, но го сфатив малку посериозно, со проучување на коментарот на Вишванатха Чакраварти Тхакура на Бхагавад-гита. Во Бхагавад-гита стихот vyavasāyātmikā-buddhir ekeha kuru-nandana (БГ 2.41), во врска со тој стих, Вишванатха Чакраварти Тхакура го дава својот коментар дека треба да ги преземеме зборовите од духовниот учител како наш живот и душа. Треба да се обидеме да ги следиме упатствата, специфичните упатства на духовниот учител, многу стриктно, без да се грижиме за нашата лична корист или загуба. Јас се обидов малку во тој дух. Тој ми ги даде сите услови да му служам. Работите дојдоа до оваа фаза, дека на оваа возраст јас дојдов во вашата земја, и вие исто така го сфаќате ова движење сериозно, обидувајќи се да го разберете. Сега имаме некои книги. Има малку основа на ова движење. Во оваа прилика за денот за заминување на мојот духовен учител, како што се обидувам да ја извршам неговата волја, на сличен начин, јас исто така ќе побарам од вас да ја извршите истата наредба зошто тоа е моја желба. Јас сум старец, исто така можам да починам во секој момент. Тоа е природен закон. Никој не може да го провери. Тоа не е многу зачудувачко, но мојот апел до вас за овој поволен ден на заминувањето на мојот Гуру Махараџа, дека барем до одреден степен сте ја разбрале суштината на движењето за свесноста за Кришна. Треба да се обидете да го истуркате. Луѓето страдаат поради потребата од оваа свесност. Како што секојдневно се молиме за посветениците, vāñchā-kalpatarubhyaś ca kṛpā-sindhubhya eva ca patitānāṁ pāvanebhyo vaiṣṇavebhyo namo namaḥ Ваишнава, или посветеник на Господ, неговиот живот е посветен за доброто на луѓето. Знаете - повеќето од вас припаѓаат на христијанската заедница - како Господ Исус Христос, тој рекол дека за вашите грешни активности тој се жртвувал. Тоа е определбата на Господов посветеник. Тие не се грижат за личните удобности. Затоа што тие го сакаат Кришна или Бог, затоа ги сакаат сите живи суштества, бидејќи сите живи суштества се во врска со Кришна. На сличен начин вие треба да учите. Ова движење за свесноста за Кришна значи да станете Ваишнава и да чувствувате за страдањата на човештвото. Да чувствувате за страдањето на човештвото, постојат различни агли на визијата. Некој размислува за страдањето на човештвото од телесната концепција на животот. Некој се обидува да отвори болница за да даде олеснување на заболената состојба. Некој се обидува да дистрибуира прехранбени производи во земјите и места погодени од сиромаштијата. Овие работи се секако многу добри, но вистинското страдање на човештвото се должи на недостаток на свесност за Кришна. Овие телесни страдања се привремени; ниту пак можат да се проверат според законите на природата. Да претпоставиме дека вие сте дале одредени прехранбени производи во некоја земја погодена од сиромаштија, тоа не значи дека оваа помош дава решение за целиот проблем. Вистинско корисно дело е да се повика секој човек во свесноста за Кришна.