MK/Prabhupada 0199 - Овие никаквеци, лажни коментатори, сакаат да го избегнат Кришна

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Овие никаквеци, лажни коментатори, сакаат да го избегнат Кришна
- Prabhupāda 0199


Lecture on BG 13.8-12 -- Bombay, September 30, 1973

Секое разбирање без филозофија е сентиментално. А филозофија без религиски концепт е ментално нагаѓање. Овие две работи, независно една од друга, се случуваат насекаде низ светот. Постојат многу така-наречени религиски системи, но без филозофија. Затоа овие така-наречени религиски системи не се привлечни за современите, образовани луѓе. Тие се откажуваат од религијата, како од христијанството, така и од муслиманството и хиндуизмот. Не сакаат само формалности и ритуали. Тие сакаат сè да учат на филозофска база. Тоа е Бхагавад-гита.

Бхагавад-гита се базира на филозофија, го поставува овој систем, Кришна-бхакти. Бхагавад-гита значи Кришна-бхакти, посветеност на Кришна, свесност за Кришна. Тоа е Бхагавад-гита. Во Бхагавад-гита се вели: Man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru (БГ 18.65). Тоа е Бхагавад-гита. „Постојано мислете на Мене“. Бидете свесни за Кришна, јасно и едноставно. Man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru (БГ 18.65). Секаде Кришна ја нагласува Својата личност. Aham ādir hi devānām: (БГ 10.2) „Јас сум изворот на сите божества“. Mattaḥ parataraṁ nānyat kiñcid asti dhanañjaya (БГ 7.7).

ahaṁ sarvasya prabhavo
mattaḥ sarvaṁ pravartate
iti matvā bhajante māṁ
budhā bhāva-samanvitāḥ
(БГ 10.8)

Сè е кажано тука. Sarva dharmān parityajya mām ekam (BG 18.66). Мам, ахам, „Јас“. Значи, Кришна е во секој стих, во секое поглавје. Mayy āsakta-manaḥ pārtha yogaṁ yuñjan mad-āśrayaḥ. Mayy āsakta, „Ако некој Ми е приврзан,“ āsakta-manaḥ, „ако умот Ми е приврзан, тоа е јога“ Yogīnām api sarveṣāṁ mad-gatenāntarātmanā. Mad-gata, again mat (БГ 6.47). Mad-gatenāntarātmanā, śraddhāvān bhajate yo māṁ sa me yuktatamo mataḥ. Секаде е нагласено - Кришна. Но тие никаквеци коментатори, тие не сакаат да го спомнат Кришна. Нивната работа уништи сè во Индија.

Овие неранимајковци, лажни коментатори, сакаат да го избегнат Кришна. Затоа ова движење за свесност за Кришна претставува предизвик за нив. Предизвик им е да зборуваат за Кришна без Кришна. Тоа е глупост.