MK/Prabhupada 0211 - Нашата Мисија е да ја воспоставиме желбата на Шри Чаитанја Махапрабху

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Нашата Мисија е да ја воспоставиме желбата на Шри Чаитанја Махапрабху
- Prabhupāda 0211


Lecture on CC Adi-lila 1.4 -- Mayapur, March 28, 1975

Не можете да се постанете свесни за Кришна ако се обидете да ја прескокнете милоста на Шри Чаитанја Махапрабху. А да се стекне милоста на Шри Чаитанја Махапрабху, значи да се стекне милоста на шесте Госвамија. Тоа е систем на парампара. Затоа, Наротам даса Тхакура вели: „ei chay gosāi jār-tār mui dās, tā-sabāra pada-reṇu mora pañca-grās“. Тоа е системот на парампара. Не можете да прескокнете. Морате да одите низ системот на парампара. Треба да пристапите на духовен учител, за да стигнете до Госвамите и преку Госвамите, ќе стигнете до Шри Чаитанја Махапрабху, а преку Шри Чаитанја Махапрабху, ќе стигнете до Кришна. Тоа е патот. Затоа, Наротам даса Тхакура рекол: „ei chay gosāi jār-tār mui dās“. Ние сме слуги на слугите. Тоа е упатство од Чаитанја Махапрабху: „gopī-bhartuḥ pada-kamalayor dāsa-dāsānudāsaḥ“ (ЧЧ Мадја 13.80). Колку си поголем слуга на слугата, толку си посовршен. И ако одеднаш, сакаш да постанеш господар, тогаш одиш во пеколот. Тоа е се. Не правете го тоа. Тоа се учењата на Шри Чаитанја Махапрабху. Ако одите со слуга, слуга, слуга, тогаш вие сте напредни. Ако мислите, дека сте постанале господарот, тогаш одите во пеколот. Ова е процесот. Dāsa-dāsānudāsaḥ. Чаитанја Махапрабху рекол. Слуга, слуга, слуга, сто пати слуга, значи дека личноста е напредна. Тоје е напреден. И оној кој постанува господар, директно, тогаш, тој е во пеколот. Значи, anarpita-carīṁ cirāt. Значи, секогаш треба да се сеќаваме на упатствата на Шрила Рупа Госвами. Затоа, ние се молиме: „ṣrī-caitanya-mano-'bhīṣṭaṁ sthāpitaṁ yena bhū-tale“. Нашата Мисија е да ја воспоставиме желбата на Шри Чаитанја Махапрабху. Ова е нашата работа. „Śrī-caitanya-mano-'bhīṣṭaṁ sthāpitaṁ yena bhū-tale“. Шрика Рупа Госвами, тоа го сторил. Ни оставил толку многу книги, особено Бхакти-расамрита-синдху, која ја преведовме, под наслов „Нектарски упатства“, за да се разбере науката за посветеното служење. Ова е огромен допринос од Шрила Рупа Госвами, како да постамете посветеник Како да постанете посветеник. Тоа не е сентимент, тоа е наука. Движењето за свесност за Кришна е голема наука. „Yad vijñāna-samanvitam. Jñānaṁ me paramaṁ guhyaṁ yad vijñāna-samanvitam“. Тоа не е сентимент. Ако тоа го сметаме за сентимент, тогаш ќе создадеме вознемирување. Ова е упатството од Рупа Госвами. Тој рекол: „śruti-smṛti-purāṇādi- pañcarātriki-vidhiṁ vinā aikāntikī harer bhaktir utpātāyaiva kalpate“ [Брс. 1.2.101]