MK/Prabhupada 0213 - Запри ја смртта - Тогаш ќе го прифатам твојот мистицизам

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Запри ја смртта - Тогаш ќе го прифатам твојот мистицизам
- Prabhupāda 0213


Morning Walk -- June 17, 1976, Toronto

Бхакта Џин: Па, ова разбуди едно прашање во мојот ум, Вашата Милост. Во склоп на Христијанството постои историја на мистицизам од 100год. во н.е. па сè до денес. Постоеле одредени проминентни мистици, неколку проминентни мистици и многу повеќе не толку проминентни. Каде ги сместуваш тие луѓе, тие христијански мистици - протестантски и католички?

Прабхупада: Тоа е само јогички мистицизам. Нема никаква врска со духовниот живот. Тие сакаат да видат чуда, воопшто, обичниот народ. А овие со мистична моќ, ќе покажат неколку чуда и ќе ги воодушеват. Тоа е сè. Тоа нема никаква врска со духовниот живот.

Бхакта Џин: Можеби погрешно ме разбра. Јас мислев на вистинските посветеници - мистици, како Свети Јован Крстител, Свети Фрањо Асишки.

Прабхупада: Доколку постои посветено служење, дали има потреба од мистицизам? Нема потреба. Бог е мојот господар, јас сум Неговиот слуга. Каде е потребата од тој бесмислен мистицизам?

Бхакта Џин: Јас мислам дека тој термин мистицизам, многу луѓе го злоупотребуваат, посебно овде во Соединетите Држави.

Прабхупада: Многу луѓе! ние немаме ништо со многуте луѓе. Ако си навистина Божји посветеник, Бог е тука, ти си слуга. Твојата размена е тука. Само врши ги наредбите на Бог. Тоа е сè. Зошто ви треба мистицизам? Само колку да се покаже некаква магија на луѓето? Служи Го Бог. Тоа е сè. И тоа е многу едноставно нешто, наредбата на Бог: Man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru (BG 18.65). Дали станува збор за мистицизам? Не станува збор за мистицизам. Бог вели: „Само мисли на Мене постојано. Оддавај Ми почит и обожувај Ме". Тоа е сè. Каде е тука потребата од мистицизам? Сето тоа е измама.

Индиецот: Јас ви кажувам, јас мислам дека постои замисла...

Прабхупада: Ти мислиш на свој начин.

Индиецот: Не, господине. Постои погрешна замисла...

Прабхупада: Нема значење твоето мислење освен ако не доаѓа од ученичкото наследство.

Индиецот: Не, господине. Постои погрешна замисла за мистицизмот. Тие велат дека доаѓа со напредокот во духовноста. Јас мислам дека на тоа мислеше.

Прабхупада: Проблемот е што страдаме во овој материјален свет, живот за живот и нашата цел е како повторно да се вратиме назад дома, назад кај Бога. Тие не го знаат тоа. Тие покажуваат некаков мистицизам. Дали тие... Запри ја смртта. Тогаш ќе го прифатам твојот мистицизам. Каков е тој бесмислен мистицизам? Можете ли да ја сопрете смртта? Можно ли е? Тогаш која е вредноста на тој мистицизам? Сè е лага. Мојот проблем е што прифаќам одредено тело и страдам, затоа што штом ќе добијам материјално тело, морам да страдам. Потоа создавам ново тело. Умирам. Tathā dehāntara-prāptiḥ (BG 2.13). И повторно започнува ново поглавје. На овој начин, од живот на трефка до живот на полубог, јас едноставно менувам тела и умирам и повторно се раѓам. Тоа е мојот проблем. Што ќе направи мистицизмот во врска со тоа? Но тоа тие не го знаат, каде лежи проблемот. Тоа е јасно изнесено во Бхагавад Гита: Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi-duḥkha-doṣānudarśanam (BG 13.9). Тоа е вашиот проблем. Постојано се раѓате и умирате и додека живеете има толку многу невољи. Jarā-vyādhi. Посебно староста и болеста. Тоа е проблемот. Како ќе ви помогне мистицизмот? Дали мистицизмот ќе го запре вашето раѓање, смрт, старост и болест? Тоа е мистицизам. Во спротивно, каква е потребата од такви бесмислици. (пауза) ...ги оттргнуваат од вистинскиот пат. Тие не знаат која е целта на животот, кој е проблемот на животот. Тие ќе направат нешто мистично и некои никаквеци ги следат. Тоа е сè. „Еве мистик".

Индиецот: Колку е важно друштвото на посветеници?

Прабхупада: Да: Satāṁ prasaṅgān mama vīrya-saṁvido bhavanti hṛt-karṇa-rasāyanāḥ kathāḥ (SB 3.25.25). Затоа е потребна садху-санга. Друштво на посветеници. Тоа е потребно. Тогаш нашиот живот ќе биде успешен. Не со мистицизам.