MK/Prabhupada 0216 - Кришна е првокласен и Неговите посветеници се исто така првокласни

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Кришна е првокласен и Неговите посветеници се исто така првокласни.
- Prabhupāda 0216


Lecture on SB 1.7.47-48 -- Vrndavana, October 6, 1976

Така се однесува Ваишнавата. Para-duḥkha-duḥkhī. Vaiṣṇava is para-duḥkha-duḥkhī. Тоа е Ваишнавската одлика. Тој не се засега за сопствената болка. Но тој, Ваишнавата станува разжалостен, вознемирен, кога другите страдаат. Тоа е Ваишнава. Прахлад Махараџ рече:

naivodvije para duratyaya-vaitaraṇyās
tvad-vīrya-gāyana-mahāmṛta-magna-cittaḥ
śoce tato vimukha-cetasa indriyārtha-
māyā-sukhāya bharam udvahato vimūḍhān
(SB 7.9.43)

Прахлад Махараџ беше толку измачуван од татка си и татко му беше убиен. Но сепак, кога му беше понуден благослов од Господ Нарасимхадева, тој не го прифати. Тој рече: sa vai vaṇik. Мој Господе, ние сме родени во семејство на раџа-гуна и тама-гуна. Раџа-гуна и тама-гуна. Асурите (демоните), тие се под влијание на двете пониски одлики, раџа-гуна и тама-гуна. А тие што се девати (полубогови), тие се под влијание на сатва-гуна.

Постојат три гуни - одлики, во материјалниот свет. Сатва-гуна... Tri-guṇamayī. Daivī hy eṣā guṇamayī (BG 7.14). Guṇamayī, triguṇamayī. Во овој материјален свет: сатва-гуна, раџа-гуна и тама-гуна. Оние што се под влијание на сатва-гуна, тие се првокласни. Првокласни значи првокласни во овој материјален свет. Не во духовниот свет. Духовниот свет е поинаков. Тој е ниргуна, нема материјални одлики. Не постојат првокласни, второкласни, третокласни. Сите се првокласни. Таков е апсолутот. Кришна е првокласен, Неговите посветеници се исто така првокласни. Дрвјата се првокласни, птиците се првокласни, кравите се првокласни, телињата се првокласни. Затоа се нарекува апсолутен. Не постои релативна концепција: второкласни, третокласни, четворокласни. Не. Сè е првокласно. Ānanda-cinmaya-rasa-pratibhāvitābhiḥ (Bs. 5.37). Сè е составено од ānanda-cinmaya-rasa. Не постои поделба. Некој се наоѓа во дасја-раса, некој се наоѓа во сакхја-раса или ватсалја-раса или мадхурја-раса, сите се едно исто. Не постои таква поделба. Но постои разноликост. Тебе ти се допаѓа таа раса, мене оваа раса, тоа е дозволено. Овде во овој материјален свет, тие се под влијание на трите раси и Прахлад Махараџ, бидејќи е син на Хиранјакашипу, тој се смета себеси дека: „Јас сум под влијание на раџа-гуна и тама-гуна". Тој е Ваишнава, тој е над сите гуни, но Ваишнавата никогаш не е горд на својата гуна. Всушност тој не се чуствува така, дека е многу напреден, дека е многу просветлен. Тој секогаш мисли: „Јас сум најпаднат".

tṛṇād api sunīcena
taror api sahiṣṇunā
amāninā mānadena
kīrtanīyaḥ sadā hariḥ
(CC Adi 17.31)

Тоа е Ваишнава.