MK/Prabhupada 0237 - Доаѓаме во контакт со Кришна, мантрајќи го Неговото име, Харе Кришна

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Доаѓаме во контакт со Кришна, мантрајќи го Неговото име, Харе Кришна
- Prabhupāda 0237


Lecture on BG 2.3 -- London, August 4, 1973

Прадјумна: Превод - „О Пртхин сине, немој да паднеш под влијание на таа деградирачка немоќност. Не ти прилега. Откажи се од таа слабост на срцето и стани, о казнувачу на непријателот“.

Прабхупада: Бхагаванот Кришна охрабрува „kśūdraṁ hṛdaya-daurbalyam“. „За кшатријата да говори така: „Не не можам да ги убивам своите роднини. Се откажувам од моето оружје“, тоа е слабост и кукавиштво. Какви се тоа глупости?“ Kśūdraṁ hṛdaya-daurbalyam. „Тој вид на сомилост и откажување од својата должност како кшатрија е едноставно слабост на срцето. Нема значење“. Klaibyaṁ ma sma gamaḥ pārtha naitat tvayy upapadyate. „Особено за тебе. Ти си Мој пријател. Што ќе кажат луѓето? Затоа, напушти ја таа слабост на срцето и uttiṣṭha, стани, биди храбар“. И сега само видете како Кришна го поттикнува Арџуна, да се бори. Луѓето се многу во незнаење и понекогаш критизираат велејќи: „Кришна го поттикнува Арџуна да се бори. Тој е господин, ненасилен и Кришна го поттикнува да се бори“. Тоа се нарекува jaḍa-darśana. Jaḍa-darśana. Jaḍa-darśana значи материјален поглед на работите. Затоа, шастрите велат: „Sāstra says, ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved grāhyam indriyaiḥ“ (ЧЧ Мадја 17.136). Śrī-kṛṣṇa-nāmādi. Доаѓаме во допир со Кришна, мантрајќи го Неговото име, Харе Кришна. Тоа е почеток на нашата врска со Кришна. Nāmādi. И Шастрите велат: „Ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi“. Ādi значи почеток.

Ние немаме врска со Кришна. Но, ако ја мантраме Харе Кришна маха - мантрата, веднаш нашата можност да контактираме со Кришна почнува. И тоа мора да се вежба. Не дека јас веднаш ќе го разберам Кришна. Тоа не...Секако, ако личноста е напредна, тоа е можно веднаш. Значи śrī-kṛṣṇa-nāmādi. Nāma значи име. Кришна не е само името. Ādi, тоа е почеток но и облик и активности. Исто како „śravanaṁ kīrtanam“ (ШБ 7.5.23). Sravanaṁ kīrtanam, славење и опишување на Кришна...Тој има Своја форма. Nāma значи име, а потоа rūpa значи форма. Nāma, rūpa...Līlā значи забава, guṇa значи одлика, пратители, личности со кои се дружи, се тоа...„Ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved“ (ЧЧ Мадја 17.136). Na bhaved grāhyam indriyaiḥ. Со обичните сетила, не можеме да разбереме...Или Кришниното име...Ние го слушаме, примајќи го звукот, Кришниното име, но ако не ги прочистуваме нашите уши...Секако слушајќи, тоа ќе биде прочистено. Ние мораме да помогнеме. Помош значи да ги избегнуваме десетте видови на навреди. И на тој начин ќе му помогнеме на процесот на прочистување. Исто како кога јас сакам да запалам оган, јас морам да го помогнам процесот на палење со сушење на дрвата. Брзо ќе се развие оган. Слично, слично мантрајќи тоа ќе ни помогне, а за тоа треба некое време. Но, ако ги избегнуваме навредите, набрзо ќе се прочистиме. Делувањето ќе биде присутно.