MK/Prabhupada 0239 - За да се разбере Кришна, потребни се посебни сетила



Lecture on BG 2.3 -- London, August 4, 1973

Ова сочувство е како она на Арџуна. Сочувство со убиец, кој треба да биде убиен. Тоа е Арџуна. Тоа е hṛdaya-daurbalyam. Тоа не е должност. Личноста мора да ги почитува наредбите за должноста, кои ги добил од највисоките авторитети, многу строго без никакво разгледување. Ваквото сочувство е слабост на срцето. Но, обичната личност, тоа нема да го разбере. Затоа, за да се разбере Кршна, на личноста и се потребни посебни сетила, не обични сетила. Специјални сетила значи дека морате да ги ископате своите очи и да ставите други очи ? Не. Треба да се прочистите. „Tat-paratvena nirmalam“ (ЧЧ Мадја 19.170). Исто како кога имате болни очи, ставате лек, и кога лекот ќе го очисти окото, можете се чисто да видите. Слично на тоа, со овие тупи сетила, ние не можеме да разбереме, што е Кришна. „Sevonmukhe hi jihvādau svayam eva sphuraty adaḥ“ (Брс. 1.2.234). Шри Кришна nāmādau, Кришниното име, форма, квалитет,...итн. не се разбираат со овие тупи сетила, па како тогаш тоа да се стори. Сега „sevonmukhe hi jihvādau“. Повторно jihvādau, се почнува од јазикот, треба да се контролира јазикот. Погледнете, тоа е нешто чудно „Да се разбере Кришна, контролирајќи го јазикот?“ Тоа е нешто прекрасно. Како тоа? Морам да го контролирам својот јазик, за да го разберам Кришна ? Но, тоа е упатство на шастрите „sevonmukhe hi jihvādau“. Jihvā значи јазик. Значи, за да го видиме Кришна, за да го разбереме Кришна, прва наша работа е да го контролираме нашиот јазик. Затоа, ние велиме, не јадите месо, не пијте алкохол. Затоа што, тоа е контрола на јазикот. Јазикот е најсилниот непријател како сетило, како перверзно сетило. А овие раскали велат: „Не, можете да јадете што сакате. Тоа нема никаква врска со религијата“. Но, Ведските шастри велат: „Вие раскали, најнапред контролирајте го вашиот јазик. Тогаш ќе можете да разберете што е Бог“. Тоа се нарекува Ведско упатство - совршено. Ако го контрлирате својот јазик, тогаш го контролирате својот стомак, а потоа и своите гениталии. Рупа Госвами дава упатства:

vāco-vegaṁ manaso krodha-vegam
jihvāvegam udaropastha-vegam
etān vegān yo viṣaheta dhīraḥ
sarvām apīmāṁ sa pṛthiviṁ sa śiṣyāt.
(НОИ 1)

Ова е упатство, кое вели дека секој кој е способен да го контролира јазикот, да го контролира умот, да го контролира бесот, да го контролира стомакот и да ги контролира своите гениталии - да ги поседува овие шест видови контрола, таа личност е подобна да постане духовен учител и да прифаќа ученици насекаде низ светот. А, ако не можете да го контролирате својот јазик, ако не можете да го контролирате својот бес, ако не можете да ги контролирате интригите на вашиот ум, како тогаш можете да постанете духовен учител? Тоа не е возможно. Pṛthiviṁ sa śiṣyāt. Оној кој успеал...Таа личност се нарекува госвами, госвами или свами, господар на сетилата. Господар на контролата на овие шест видови на сетила.

Се почнува со jihvā. „Sevonmukhe hi jihvādau svayam eva sphuraty adaḥ“ [ Брс 1.2.234]. Sevā. Јазикот може да биде вклучен во служба на Господ, Како ? Можете да мантрате Харе Кришна, секогаш да глорифицирате. Vācāṁsi vaikuṇṭha-guṇānuvarṇane. Vācāṁsi, значи говорење. Говорењето е работата на јазикот, а и вкусувањето е работа на јазикот. Затоа, ангажирајте се во служба на Господ, глорификајќи го. Кога...Ќе се заветувате дека „Секогаш кога ќе говорам, ќе го славам Кришна, ништо повеќе“. Тоа е контрола на јазикот. Ако не му дозволите на Вашиот јазик да говори глупости, grāmya-kathā... Ние понекогаш седиме заедно. Говориме толку многу глупости. Тоа треба да биде контролирано. „Сега го вклучив својот јазик во служба на Господ и затоа нема повеќе да говориме за задоволување на сетилата“. Тоа е контролирање на јазикот. „Не можам да јадам ништо, што не е понудено на Кришна“. Тоа е контрола на јазикот. Ова се ситни техники, но имаат огромна, огромна вредност, за да Кришна биде задоволен со строгост и Тој ќе се разоткрие. Не можете да разберете. Не можете да го видите Кришна. На Кришна не можете да му наредите „Кришна, Те молам, дојди со флејтата и танцувај. Сакам да Те видам“. Ова е наредба. Кришна не е подреден на твоите наредби. Затоа, Чаитанја Махапрабху дава инструкции: „Aśliṣya vā pāda-ratāṁ pinastu māṁ marma-hatāṁ karotu vā adarśanam“ (ЧЧ Антја 20.47).