MK/Prabhupada 0242 - Многу е тешко да се вратиме на оригиналниот цивилизациски процес

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Многу е тешко да се вратиме на оригиналниот цивилизациски процес
- Prabhupāda 0242


Lecture on BG 2.3 -- London, August 4, 1973

Прабхупада: Вчера читавме кога Ману, Ваивасвату Муни дошол кај Кардама Муни: „Господине, знам дека твоите патувања, значи дека ти...“ како се вели, како се вели испитување ?

Бхакта: Инспекција.

Прабхупада: Инспекција, да. Инспекција. „Твоето патување значи инспекција на варнашрам системот...Дали брахманот се однесува како брахмана, дали кшатријата се однесува како кшатрија“. Тоа е кралско патување. Кралското патување, не е патување од задоволство на сметка на државата, да оди негде и да се врати. Не. Тој бил...Понекогаш кралот би се преоблекол и заминувал да види дали варнашрама-дхармата правилно функционира и дали некој едноставно губи време, како хипиците. Не, тоа не може да биде. Тоа не се прави. Во вашата влада, постои инспекција во врска со вработеноста, но...Невработеност. Но, многу работи, не ги проверуваат практично. Но, обврската на Владата е се да види. Varnāśramācaravatā, се мора да се практикува, како брахманата. Едноставно, да постанете лажен брахмана, лажен кшатрија - не. Морате. Тоа била должноста на кралот, должноста на владата. Сега се е свртено наопаку. Ништо повеќе нема практична вредност. Затоа, Чаитанја Махапрабху вели: „Kalau...“.

harer nāma harer nāma
harer nāmaiva kevalam
kalau nāsty eva nāsty eva
nāsty eva gatir anyathā
(ЧЧ Ади 17.21)

Многу е тешко да се вратиме на оригиналниот процес на цивилизација. Затоа, за Ваишнавите, како што објаснував „Tri-daśa-pūr ākāśa-puṣpāyate durdāntendriya-kāla-sarpa-paṭalī“. Контролата на сетилата, тоа е durdānta. Durdānta значи импресивно. Многу, многу е тешко да се контролираат сетилата. Затоа, постои процес на јога, процес на мистична јога, практикување на контролата на сетилата. Но, за бхактата...Тие...Како на пример јазикот, кој ако е ангажиран во мантрањето на Харе Кришна мантрата и јадење само на Кришна прасадамот, целата работа е направена, како да е совршен јоги. Совршен јоги. Затоа, бхактата нема поблем со сетилата, затоа што бхактата знае како да ги ангажира сите свои сетила во службата за Господ. „Hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-sevanam“ (ЧЧ Мадја 19.170). Тоа е бхакти. Hṛṣīka значи сетила. Кога сетилата се ангажирани, само за служење на Кришна, Хршикеш, тогаш нема потреба од практицирање јога. Тие се автоматски вклучени во службата за Кришна. Не се ангажираат, ни за што друго. Тоа е највисок степен. Затоа, Кришна вели:

yoginām api sarveṣāṁ
mad-gatenāntarātmanā
śraddhāvān bhajate yo māṁ
sa me yuktatamo mataḥ
(БГ 6.47)

„Првокласен јоги е оној кој постојано мисли на Мене“. Затоа, ова мантрање на Харе Кришна мантрата, ако едноставно мантраме и слушаме, не чини првокласен јоги. Тоа е процесот. Затоа Кришна сака Арџуна да: „Зошто и се додворуваш на таа слабост на умот? Ти си под Моја заштита. Јас ти наредувам да се бориш. Зошто тоа го порекнуваш?“ Ова е објаснувањето.

Ви благодарам многу.