MK/Prabhupada 0245 - Сите се Обидуваат да ги задоволат Неговите или Нејзините Сетила

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Сите се Обидуваат да ги задоволат Неговите или Нејзините Сетила
- Prabhupāda 0245


Lecture on BG 2.9 -- London, August 15, 1973

И Кришна е Господар на сетилата. Целиот свет се бори за сетилно уживање. Овде филозофијата е едноставна, вистина, дека: „Прво и основно, да пуштиме да, да пуштиме Кришна да ужива. Тогаш и ние уживаме. Tena tyaktena bhuñjīthā. Ишопанишадите велат дека се му припаѓа на Кришна. Īśāvāsyam idaṁ sarvam: (ИШО 1)“. Се му припаѓа на Кришна. Ова е грешка. Се му припаѓа на Кришна, но ние си мислиме: „Се ми припаѓа мене“. Тоа е илузија. „Ahaṁ mameti“ (ШБ 5.5.8). “Ahaṁ mameti. Janasya moho 'yam ahaṁ mameti“. Тоа е илузија. Сите мислат:„Јас сум ова тело и се и се што ќе најдеме во овој свет, треба да биде уживано од мене“. Ова е грешка на цивилизацијата. Знаењето е: „Се му припаѓа на Бога. Можам да го земам, само она што Тој ми го дава и што милостиво Тој ми допушта“. Tena tyaktena bhuñjīthā. Тоа не е Ваишнавска филозофија, тоа е факт. Никој не е сопстевник. Īśāvāsyam idaṁ sarvam. Секој...Кришна вели: „Јас сум уживател. Јас сум сопственик“. „Sarva-loka-maheśvaram“ (БГ 5.29). Mahā-īśvaram. Mahā значи голем. Ние можеме да тврдиме īśvaram, контролор, но Кришна е опишан како mahā-īśvaram, контролор на контролорите. Тоа е Кришна. Никој не е независен контролор. Затоа, Кришна е опишан: „Hṛṣīkeśa. Hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-sevanaṁ bhaktir ucyate“ (ЧЧ Мадја 19.170). А бхакти значи, да се служи Хршикеш од hṛṣīka. Hṛṣīka значи сетила. Кришна е господар на сетилата и затоа, какви и да сетила јас имам, господарот е Кришна, господарот е Кришна. И кога нашите сетила се ангажирани за задоволство на господарот на сетилата, тоа се нарекува бхакти. Тоа е дефиницијата за бхакти, посветеничка служба. И кога сетилата се употребени за материјално уживање, не за господарот, тоа се нарекува kāma. Kāma и prema. Prema значи да се сака Кришна и да се стори се за задоволство на Кришна. Тоа е prema, љубов. И kāma значи дека се е направено за задоволство на моите сетила. Тоа е разликата. Сетилата се само медиум. Или тоа сторете го, задоволите ги своите сетила или задоволите ги сетилата на Кришна. А, кога ќе ги задоволите сетилата на Кришна, тогаш постанувате совршени, а кога ќе ги задоволите своите сетила, постанувате несовршени, измамени во илузија. Затоа што не можете да ги задоволите своите сетила. Тоа не е возможно без Кришна. „Hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-sevanaṁ bhaktir ucyate“ (ЧЧ Мадја 19.170). И затоа личноста мора да ги прочисти своите сетила. Сега, секој се обидува да ги задоволи своите сетила. „Ahaṁ mameti. Janasya moho 'yam“ (ШБ 5.5.8). „Puṁsaḥ striyā maithunī-bhāvam etat“. Целиот материјален свет е... Постојат два вида живи суштества, машко и женско. Машкото се обидува да ги задоволи своите сетила, а и женското се обидува да ги задоволи своите сетила, исто така. Овде таканаречената љубов значи...Нема љубов. Не може да биде... Затоа што, машкото и женското, никој не се обидува да ги задоволи сетилата на другиот. Сите се обидуваат да ги задоволат неговото или нејзините сетила. Жената го сака мажот, затоа што тој ги задоволува нејзините сетила, а и мажот ја сака жената затоа што таа го задоволува... И затоа, во моментот кога има вознемирување за задоволување на сетилата, веднаш развод. „Не го сакам тоа“. Затоа што главната цел е личното сетилно задоволување. Но, можеме да направиме слика, наводно: „Те сакам, толку многу. Те сакам, толку многу“. Нема љубов. Тоа е се kāma, страст. Во материјалниот свет, не може да има ни можност за љубов. Тоа не е возможно. Таа ткн.љубов е мамење, само мамење. „Те сакам. Те сакам затоа што си убава. Тоа ќе ги задоволи моите сетила. Затоа што си млада, тоа ќе ги задоволи моите сетила“. Тоа е светот. Овој материјален свет значи само тоа. „Puṁsaḥ striyā maithunī-bhāvam etat“. Целиот основен принцип на овој свет е задоволување на сетилата. „Yan maithunādi-gṛhamedhi-sukhaṁ hi tucchaṁ, kaṇḍūyanena karayor iva duḥkha-duḥkham“ (ШБ 7.9.45).