MK/Prabhupada 0248 - Кришна имал 16,108 жени и скоро секој пат морал да се бори, за да ја освои својата сопруга

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Кришна имал 16,108 жени и скоро секој пат морал да се бори, за да ја освои својата сопруга
- Prabhupāda 0248


Lecture on BG 2.6 -- London, August 6, 1973

Прадјумна: „Нити знаеме што е подобро - да се победат или да се биде победен од нив. Синовите на Дхритарастра - кои ако ги убиеме, не би требало да живееме - сега стојат пред нас на ова бојно поле“. Прабхупада: Овие две групи се роднини, браќа... Махараџа Панду имал пет синови, а Дхритарастра имал сто синови. Значи, тоа е семејство, исто семејство и се подразбирало, кога оние кои не се семејство ќе дојдат да ги нападнат, тие би се здружиле, 105 браќа и би се бореле. Но, кога се бореле меѓусебно - на една страна стотина браќа, на друга страна пет браќа. Затоа, што во семејство на кшатрии се подразбирало да се борат. Дури и во нивните бракови би се бореле. Без борба, во семејство на кшатрии не може да се склопи ниту еден брак. Кришна имал 16,108 сопруги и скоро секогаш морал да се бори, за да ја добие сопругата. Тоа бил спорт. За кшатриите борбата била спорт. Значи, тој е збунет и прашање е дали ваков тип на борба, треба да се охрабрува. Има една изрека во Бенгал: “Khābo ki khābo nā yadi khāo tu pauṣe“. „Кога си збунет со дилема Дали да јадам или не, подобро немој да јадеш“. Понекогаш, доаѓаме во оваа ситуација: „Не сум премногу гладен, дали да јадам или не ?“ Најдобро е да не се јаде, туку да се јаде. Но, ако јадеш, тогаш можеш да јадеш и во декември, Pauṣa. Зошто? Тоа е...Во Бенгал...Бенгал има тропска клима, но кога е зимска сезона, се советува дека: „Ако јадете, не е толку штетно, затоа што може да се свари“. Ноќта е многу долга или е ладно, па способноста за варење е фина. Затоа, кога сте збунети „да се направи или не“, Jābo ki jābo nā yadi jāo tu śauce: „Кога ќе мислите, дали да одам или не? тогаш подобро не одите. Но, кога е прашање на повик на природата, тогаш морате да одите“. „Jābo ki jābo nā yadi jāu tu śauce, khābo ki khābo nā yadi khāo tu pauṣe“. Тоа е само здрав разум. Слично, Арџуна е сега збунет: „Дали да се борам или не?“ Тоа се случува насекаде. Кога постои објава на војна помеѓу модерните политичари, тие размислуваат... Токму како и во последната Втора светска војна, кога Хитлер се подготвувал за војна... Сите знаеле дека Хитлер се подготвува за одмазда, затоа што во Првата светска војна биле победени. И, Хитлер повторно се подготвувал. Еден, мој брат по Бога, Германец, дојде во Индија во 1933 год. Во тоа време не извести дека: „Мора да има војна. Хитлер се подготвува опасно. Мора да дојде до војна“. Во тоа време, мислам дека во вашата земја беше премиер г.Чемберлен. Тој отишол да се види со Хитлер, како би ја стопирал војната. Но, не успеа. Слично, на тоа, во оваа борба, Кришна се трудел до последен момент да ја избегне војната. Тој му предложил на Дурјодхана: „Тие се кшатрии, твои роднини, браќа. Ти си го узурпирал нивното кралство. Не е важно, на кој начин си го добил. Но, тие се кшатрии. Тие мораат да имаат средства за живот. Затоа дај им на тие петорица браќа, пет села. Од целото светско кралство, дај им пет села“. Тој...„Не, нема да дадам ни една стапка земја, без борба“. Поради тоа, во такви услови, битка морало да има.