MK/Prabhupada 0269 - Не можете да ја разберете Бхагавад Гита со ништожничко толкување

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Не можете да ја разберете Бхагавад Гита со ништожничко толкување
- Prabhupāda 0269


Lecture on BG 2.10 -- London, August 16, 1973

Затоа, обидете се да го сфатите Кришна, како Хршикеша. Така, Кришна, Хршикеш, почна да се смее: „Тој е Мој пријател, постојан пратител, а има таква слабост. Прво беше ентузијастичен да побара од Мене да ја возам неговата бојна кола, senayor ubhayor madhye. А сега viṣīdantan, сега се жали“. И така...Сите сме ние слични будали. Арџуна не е будала. Арџуна е опишан, како Гудакеша. Како може да биде будала? Но, тој игра улога на будала. Ако не игра улога на будала, како оваа Бхагавад Гита би излегла од устата на Шри Кришна ? И затоа што е посветеник, тој совршено ја игра улогата на таков начин, за да Кришна дава упатства. Совршен учител и совршен ученик, Арџуна. Треба да учиме од нивниот...Нашата положба... Арџуна го представува обичниот човек, како нас, а Кришна е Хршикеш, давајќи го Својот совет, совршен совет. Ако земеме, ако ја читаме Бхагавад Гита во духот на разбирањето, како Арџуна, совршен ученик и ако го прифатиме советот и упатствата на Кришна, совршениот учител, тогаш треба да знаеме дека сме ја разбрале Бхагавад Гита. Не можете да ја разберете Бхагавад Гита со ментална шпекулација, ништожничко толкување и со покажување на ученоста. Тоа не е возможно. Понизен. Затоа, во Бхагавад Гита се вели: „Tad viddhi praṇipātena paripraśnena sevayā“ (BG 4.34). Ние треба да се предадеме, како што Арџуна се предал. „Śiṣyas te 'haṁ śādhi māṁ prapannam“ (BG 2.7). „Ти се предавам Тебе. Постанувам Твој ученик. Да се постане ученик значи да се предадеш, доброволно прифаќајки ги упатствата, советите, наредбите на духовниот учител. Арџуна веќе тоа го прифати. Иако вели na yotsye „Кришна, јас нема да се борам“, но кога учителот, кога Тој ќе објасни се, тој ќе се бори. Наредба на учителот. Да не се бори е негово сопствено задоволување на сетилата. А, да се бори, иако немал желба, тоа е задоволство на учителот. Ова е суштината и сржта на Бхагавад Гита. А, Кришна, гледајќи го Арџуна, viṣīdantam многу вознемирен како се жали и како не е подготвен да ја изврши својата должност, во следниот стих, Тој почнува: „Aśocyān anvaśocas tvaṁ prajña-vādāṁś ca bhāṣase: (БГ 2.11)“. „Драг мој Арџуна, ти си Мој пријател. Нема врска, маја е многу силна. Иако си Мој личен пријател, преплавен си со лажна сомилост. Затоа, само послушај Ме“. Затоа, Тој рекол, aśocyān: „Се жалиш за нешто, што воопшто не е добро“. Aśocya. Śocya значи жалење и aśocya значи дека личноста не треба да се жали. „Aśocya. So aśocyān anvaśocas tvaṁ prajña-vādāṁś ca bhāṣase“. „Но, ти говориш како многу учен ученик“. Затоа, што тој говорел. И тие работи се правилни. Кога Аруна рекол: „varṇa-saṅkara“, кога жените ќе постанат загадени, населението е varṇa-saṅkara, тоа е факт. Што и да Арџуна му рекол на Кришна за да ја избегне борбата, тие работи се правилни. Но, од духовна ниво...Тие работи можат да бидат правилни или неправилни, но од духовна платформа гледани, тие не треба да бидат сфатени сериозно. Затоа: „aśocyān anvaśocas tvam“. Затоа што неговото жалење било во телесно сфаќање на животот. На самиот почеток на Кришнините упатства тоа телесно разбирање на живот се осудува. „Aśocyān anvaśocas tvam“ (БГ 2.11). Се жалите поради телесниот концепт на живот, затоа што секој кој е во телесен концепт на живот, не е подобар од животно.