MK/Prabhupada 0286 - Изобличен одраз на чистата љубов што постои помеѓу вас и Кришна



Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Нема тешкотии. Факт е дека треба да научиме како да го сакаме Кришна. Насоката е таму и методот е таму, и ние се обидуваме да ве служиме колку што е можно подобро. Ние ги испраќаме нашите момчиња на улиците и во градот за да ве поканиме. И ако љубезно ја прифатите оваа можност, тогаш вашиот живот ќе биде успешен. Premā pum-artho mahān. Бидејќи оваа човечка форма на живот е наменета за развивање љубов кон Бога. Бидејќи во сите други животи, ние ги сакавме, ние ги сакавме. Ги сакавме нашите деца, ја сакавме нашата сопруга, го сакавме нашето гнездо во животот на птицата, во животот на Ѕверот. Тоа е љубов. Нема потреба да се подучува птицата или ѕверот како да ги сакаат децата. Нема потреба, бидејќи тоа е природно. Да го сакаш својот дом, да ја сакаш својата земја, да го сакаш твојот сопруг, да ги сакаш своите деца, да ја сакаш твојата сопруга, и така натаму, продолжуваш, целата оваа љубов, повеќе или помалку е кај сите од животинското царство. Но, таков вид на љубов нема да ви даде среќа. Ќе бидете фрустрирани затоа што ова тело е привремено. Затоа, сите овие љубовни размени се привремени и не се чисти. Тие се едноставно изобличен одраз на чистата љубов што постои помеѓу вас и Кришна. Ако навистина сакате мир, ако навистина сакате задоволство, ако не сакате да бидете збунети, тогаш обидете се да го сакате Кришна. Ова е обична програма. Тогаш вашиот живот ќе биде успешен. Движењето за свесност за Кришна не е нешто што е произведено за да го доведе во заблуда и да го блефира народот. Ова е најовластеното движење. Ведската литература, Бхагавад-гита, Шримад-Бхагаватам, Веданта-сутра, Пураните, и многу, многу возвишени светци ги прифатија овие средства. И жив пример е Господ Чаитанја. Ја гледате Неговата слика, Тој е во расположение да танцува. Мора да ја научите оваа уметност, тогаш нашиот живот ќе биде успешен. Вие не мора да вежбате нешто вештачки и шпекулирачки и да му пречи на мозокот и ... Имате инстинкт да ги сакате другите. Тоа е инстинктивно, природно. Едноставно ја губиме љубовта и затоа сме фрустрирани. Фрустрирани. Збунети. Ако не сакате да бидете збунети, ако не сакате да бидете фрустрирани, тогаш обидете се да го сакате Кришна, и ќе почувствувате како напредувате во мир, во среќа, во сè што сакате. Ви благодарам многу.