MK/Prabhupada 0288 - Кога зборувате за Бог, дали знаете дефиниција за Бог



Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Гостин: Можеби вие го одговоривте ова. Не сум сугурен. Не слушнав. Но јас секогаш бев подучуван, уште како дете, да го сакам Бога, а потоа да сакам се друго. Дали Господ е Кришна?

Прабхупада: Да. Имате некој друг Господ? Некој друг Господ освен Кришна?

Гостин: Ах, што беше прашањето, повторете? Ох, не не...

Прабхупада: Само обидете се да разборете што е Бог.

Гостин: Незнаев дека Бог е Кришна.

Прабхупада: Не, се си има дефиниција. Исто ако речам „Ова е часовник“. Има дефиниција. Часовник значи е тркалезен, има бел бирач и две стрелки, има многу бројки што го покажуваат времето. Така, јас ќе ви дадам некој опис. Се, што и да видите или доживеете или се обидете да разберете, мора да има некоја дефиниција. Кога зборувате за Бог, дали знаете дефиниција за Бог?

Гостин: Да, јас бев подучуван дека Тој беше љубов.

Прабхупада: Љубов не е дефиниција, љубов е активност. Го сакам Бога. Љубовта е мојата активност. Но, таму мора да има некоја дефиниција за Бога. Тоа го знаете. Не заборавајте. Сега, со еден збор, тие викаат „Бог е возвишен“. Како ја тестирате нечија возвишеност? Следната поента. Ако го кажеш тоа „Тој човек е многу возвишен“, сега таму мора да има разбирање, како вие проценувате дека тој е возвишен. Има различни стадиуми на разбирање. Како разбирате дека Бог е возвишен? Која е вашата пресметка, дека од оваа точка, Бог е возвишен? Така во вашата Библија е речено, „Господ рече ,Нека има креација’ и имаше креација“. Не е тоа? Немаше изјава? Тука е возвишеноста. Тој едноставно рекол, „ Нека има креација,“ и имало креација. Можете да го направите тоа? Да претпоставиме дека вие сте многу добар столар. Можете ли да речете, „ Нека биде столче,“ и оддеднаш ќе има столче? Можно ли е тоа? Да претпоставиме дека вие го произведувате овој часовник. Можете ли да речете дека, „ Јас викам, нека биде часовник“, и веднаш да има часовник? Тоа е невозможно. Затоа Божјото име е satya-saṅkalpa. Satya-saṅkalpa значи што и да мисли Тој, веднаш е присутно. Не само Бог, но оние кои достигнале јогичко совршенство, тие неможат да посакуваат како Господ, туку скоро. Убави работи... Јоги, ако достигнал совршенство, ако посакал нешто, како, „Јас го сакам ова“, веднаш е таму. Тоа се нарекува satya-saṅkalpa. Вака има многу примери. Тоа е возвишеност. Исто како модерните научници, тие се обидуваат да летаат некои вселенски машини, со добра брзина, така да можат да стигнат до планетата на месечината. Многу научници од Америка, Русија и други земји, се обидуваат. Но неможат. Нивниот спутник се враќа назад. Но само видете ја Божјата моќ. Милиони планети лебдат како брисеви. Тоа е возвишеноста. Секоја бессмисленост, ако некој рече дека „Јас сум Бог“, тој е неранимајко. Бог е возвишен. Вие не можете да се споредите себеси со Бога. Нема споредба тука. Но расипништвото продолжува. „Сите се Бог. Јас сум Бог, ти си Бог“- тогаш тој е куче. Вие покажете ја моќта на Бог, па после зборувајте. Прво заслужете, потоа посакувајте. Каква моќ ние имаме? Ние секогаш сме зависни. Бог е возвишен и ние сме зависни од Бога. Така природен заклучек е дека ние треба да му служиме на Бога. Ова е цела( неразбирливо). Служење значи со љубов Освен... Сега како овие момчиња, моите посветеници, ме служат мене. Што и да речам, тие веднаш го извршуваат. Зошто? Јас сум Индиец, јас сум странец. Пред две или три години јас им бев непознат, ниту тие ми беа познати мене. Зошто го прават тие тоа? Бидејќи тоа е љубов. Служењето значи развивање љубов. Се додека не развиете љубов кон Бога, не можете да го служите Него.Секаде. Каде и да правите некој служба, тоа е засновано на љубов. Исто како што мајката му служи на беспомошното дете. Зошто? Љубов. Слично, нашиот живот ќе биде совршен, кога нашата љубов е совршена со совршената Севишна Божја Личност. Тогаш се е во ред. Ова треба да го научите. Ова е свесност за Кришна- во врска со Кришна. Исто како што јас ги сакам моите посветеници, моите посветеници ме сакаат мене. Зошто? Кој е во средина? Кришна.