MK/Prabhupada 0297 - Секој кој истражува за да ја разбере Апсолутната Вистина - му треба духовен учител

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Секој кој истражува за да ја разбере Апсолутната Вистина - му треба духовен учител
- Prabhupāda 0297


Lecture -- Seattle, October 4, 1968

Во нашиот процес ādau gurvāśrayaṁ sad-dharma pṛcchāt. Секој треба да прифати овластен духовен учител и тој треба да се распрашува кај него saddharma pṛcchāt. Слично, во Шримад Бхагаватам, исто така се вели дека jijñāsuḥ śreya uttamam. „Секој кој истражува за да ја разбере Апсолутната Вистина, му треба духовен учител.“ Tasmād guruṁ prapadyeta jijñāsuḥ śreya uttamam (ШБ 11.3.21). Jijñāsuḥ значи се распрашува, кој се распрашува. Распрашувањето е природно. Исто како детето: кога расте тоа се распрашува кај родителите, „Татко кој е ова? Мајко кој е ова? Кој е ова? Кој е ова?“ Тоа е добро. Момче, дете, кое се распрашува, тоа значи дека е многу интелигентно момче. Ние треба да сме интелигентни и да се распрашуваме, jijñāsā. Brahma-jijñāsā. Овој живот е за brahma-jijñāsā, да го разбереме, да се распрашуваме за Бога. Тогаш животот ви е успешен. Athāto brahma jijñāsā. И после рапрашување, распрашување, распрашување, разбирање, разбирање, разбирање, тогаш која е крајната цел? Тоа е речено во Бхагавад Гита: bahūnāṁ janmanām ante jñānavān māṁ prapadyate (БГ 7.19). После многу, многу раѓања, распрашувања, кога некој всушност ќе стане мудар човек, човек со знаење, тогаш што се случува? Bahūnāṁ janmanām ante jñānavān māṁ prapadyate: „Предајте ми се Мене,“ Кришна вели. Зошто? Vāsudevaḥ sarvam iti. Тој разбира дека Васудева, Кришна е причината за сите причини. Sa mahātmā su-durlabhaḥ. Но, таков вид на возвишени души се многу ретки, да го разберат тоа. Затоа Caitanya-caritāmṛta вели, sei bado catura: тој е многу интелигентен. Ова е дефиниција за интелигентен човек. Ако сакаме да бидеме интелигентни, можеме да го прифатиме процесот како да станеме интелигентни. Но, од друга страна, ако всушност сме интелигентни, зошто не ја прифаќаме свесноста за Кришна веднаш и да станеме интелигентни? Без, без одење во процесот, вие земате... Понудено ви е од највеличествената инкарнација, Господ Чаитанја. Тој ви нуди kṛṣṇa-prema-pradāya te (ЧЧ Мадхја 19.53). Тој ви ја дава љубовта на Кришна. Рупа Госвами го нуди своето почитување на Господ Чаитанја, namo mahā-vadānyāya kṛṣṇa-prema-pradāya te: „О драги мој Господе Чаитанја, Ти си најблагороден, највеличествен од сите инкарнации. Зошто? Бидејќи Ти директно ни ја даваш љубовта на Кришна. Љубовта кон Кришна која не може да се достигне после многу, многу раѓања, Ти ја даваш евтино, ,Земете ја веднаш.’ Namo mahā-vadānyāya kṛṣṇa-prema-pradāya te kṛṣṇāya kṛṣṇa-caitanya. Тие можат да разберат дека ,Ти си Кришна;’ инаку не е возможно никоj да понуди Кришна према, љубов кон Кришна, така евтино. „Ти си Кришна, Ти ја имаш таа моќ.“ И всушност Тој е тоа. Кришна не успеа да ја даде Кришна према, љубовта кон Кришна, кога Тој дојде лично и ја подучуваше Бхагавад Гита. Тој едноставно рече sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (БГ18.66). Но луѓето погрешно го разбраа Него. Затоа Кришна дојде како приврзаник и им понуди Кришна-према на луѓето воопшто. Нашата молба е до сите да го прифатат движењето за свесност за Кришна, и ќе почувствувате дека „Не сакам ништо повеќе, ништо повеќе. Задоволен сум, целосно сум задоволен.“

Ви благодарам многу.