MK/Prabhupada 0327 - Живото суштество е во ова тело, грубо и суптилно

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Живото суштество е во ова тело, грубо и суптилно
- Prabhupāda 0327


Room Conversation -- April 20, 1976, Melbourne

Карол Џарвис: Порани ми рековте дека заработувате илјадници долари дневно од продажба на своите книги. Прабхупада: Да. Карол Џарвис: Ако сакате вашите мисли да се пренесат на другите луѓе, зошто продавате книги и заработувате од нив? Прабхупада: Инаку, нема да ги читаат. Ако ви ги дадам бесплатно, тогаш ќе мислите: „Ах, ова е некаква бесмислица. Тие тоа го даваат бесплатно“. Карол Џарвис: Не е неопходно да им се даде бесплатно, но можеби да ги продаваат по цена која ги покрива трошоците за печатење. Прабхупада: Кога тие ќе дадат пари за книгата...Кога ќе платат за тоа, тие ќе се обидуваат и ќе видат: „Што овие книги велат? Да видам“. А, доколку ги добиете бесплатно, тогаш можете да ги држите на вашите полици, стотини години. Затоа...? Но, после се, ние мораме да ги печатиме овие книги, а кој ќе плати за тоа ? Ние немаме пари. Карол Џарвис: Но, што се случува со остатокот на парите, со оние кои се собираат на улица? Прабхупада: Ние го шириме нашето движење. Ние отвараме центри. Ние печатиме повеќе книги. Тоа се мои книги. Го оснивав Bhaktivedanta Book Trust. Тоа е моја волја, а јас донесов одлука дека, педесет проценти од заработката, треба да биде потрошена за печатење, нови книги, а педесет проценти, треба да биде потрошено за ширење на движењето. И, нема говор за материјален профит. Карол Џарвис: Може ли да Ве прашам, на крајот, дали имате некаква порака? Прабхупада: Да, ова е пораката. Луѓето се со импресија, дека се ова тело, но тоа не е факт. Душата или човекот, тој е внатре во телото. Како што вие, не сте вашата кошула и капут. Вие сте во кошулата и капутот. Слично, на тоа, живото суштество е внатре во тоа тело, грубо тело и суптилно тело. Суптилното тело е составено од ум, интелигенција и его, а грубото тело е составено до овие материјални работи, земја, вода, воздух, оган, етер, пет елементи. Се заедно, осум елементи. Тоа е пониска енергија. А, супериорната енергија се наоѓа, внатре во тие осум елементи, пет груби и три суптилни. Значи, мораме да учиме за тоа. Исто, како кога го прашав тоа момче да: „Можете да произведете огромна машина, кој може да лета во небо, 747, но зошто не произведете пилот?“