MK/Prabhupada 0350 - Ние се обидуваме да ги направиме луѓето квалификувани да го видат Кришна

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Ние се обидуваме да ги направиме луѓето квалификувани да го видат Кришна
- Prabhupāda 0350


Lecture on BG 7.2 -- Nairobi, October 28, 1975

Брахмананда: Тој вели дека од Ведите знаеме дека Кришна е неограничен, особено кога Тој ја изведувал Својата раса-лила со гопиите. Ако Кришна е неограничен, зошто Тој не ...? Индиец: Да се манифестира Себеси низ целиот свет, така што сите живи суштества ќе имаат еднакви можности да се вратат дома? Брахмананда: Зошто да не се манифестира Себеси низ целиот свет, така што сите живи суштества би можеле да имаат еднакви можности ...? Прабхупада: Да, тој се манифестира низ целиот свет, но немате очи да го видите. Тоа е вашиот недостаток. Кришна е присутен насекаде. Но, исто како што сонцето е присутно на небото. Зошто не го гледате сега? Нели? Одговорете на ова. Дали мислите дека сонцето не е на небото? Дали мислите дека сонцето не е таму? Затоа, одете на покривот и гледајте го сонцето. (смеа) Зошто се докажете дека сте неранимајко, дека „Не, не, нема сонце?“ Ќе биде ли тоа прифатено од учени луѓе? Бидејќи не можете да го видите сонцето, нема сонце? Дали ќе биде прифатен од некој научник? Ноќе не можете да го видите сонцето, па ако му речете на било кој учен човек, било кој, кој ги разбира работите, „Не, не, нема сонце,“ ќе го прифати ли тоа? Тој ќе каже дека „Сонцето е таму. Ти неранимајко, не можеш да го видиш.“ Тоа е се. „Ти само да излезеш од твојата расипаност, тогаш ќе видиш.“ Nāhaṁ prakāśaḥ sarvasya yoga-māyā-samāvṛtaḥ (БГ 7.25), рече Кришна. Тој не е изложен на неранимајковците, но оној што знае, го гледа. Premāñjana-cchurita-bhakti-vilocanena santaḥ sadaiva hṛdayeṣu vilokayanti yaṁ śyāmasundaram acintya-guṇa... (Бс. 5.38) Посветениците секогаш го гледаат Кришна. За него, секогаш е присутен. А за неранимајковците, Тој не може да биде виден. Тоа е разликата. Мора да станете ненеранимајко; тогаш ќе го видите. Īşvaraḥ sarva-bhūtānāм hṛd-deşe arjuna tiṣṭhati (БГ 18.61). Во длабината на сечие срце е присутен Кришна. Но, дали го знаете тоа? Можете ли да го видите? Можете ли да разговарате со Него? Тој е во вашето срце, Тој е присутен. Но, со кого зборува Тој? Teṣāṁ satata-yuktānāṁ bhajatāṁ prīti-pūrvakam, dadāmi buddhi-yogaṁ tam (БГ 10.10). Тој разговара со приврзаникот кој е дваесет и четири часа ангажиран во Неговата служба. Ова е наведено во Бхагавад-гита. Не читаш ли Бхагавад-гита? Сè бара квалификација. Движењето за свесноста за Кришна значи дека ние се обидуваме да ги направиме луѓето квалификувани да го видат Кришна. Без да бидете квалификувани, како можете да го видите? Тоа бара квалификација.