MK/Prabhupada 0525 - Маја е силна и штом се здобиете со самодоверба, веднаш следува напад

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Маја е силна и штом се здобиете со самодоверба, веднаш следува напад
- Prabhupāda 0525


Lecture on BG 7.1 -- Los Angeles, December 2, 1968

Тамала Кришна: Прабхупада, кога те служам понекогаш, се чуствувам многу добро, но тогаш, кога ќе помислам за тоа, колку оваа служба е лоша и несовршена, се чуствувам лошо. Што е правилно да се чуствува ? Прабхупада ( се смее ): Се чуствуваш лошо? Тамала Кришна: Да. Прабхупада: Зошто? Кога се чуствуваш лошо? Тамала Кришна: Кога ќе ги видам сите грешки кои ги правам, сите греки. Прабхупада: Понекогаш... Тоа е убаво. Да се прифатат сите грешки... Дури и да нема грешки. Тоа е симптом на искрено служење. Исто како, кога таткото е сакан од неговиот син или синот е сакан од таткото. Мали недостатоци на синот, таткото си мисли: „Ох, мојот син може да умре. Би можеле да бидеме раздвоени“. Тоа е знак на интензивна љубов. Не е дека, синот веднаш ќе умре, гледате, но тој размислува на тој начин. Одвоеност. Гледате? Тоа е добар знак. Не треба да мислиме дека нешто добро ни оди. Секогаш треба да мислиме: „Не сум способен“. Тоа не е лошо. Никогаш не треба да мислиме, дека: „Јас сум совршен“. Затоа што, маја е многу силна и кога имате малку повеќе самодоверба, таа веднаш доаѓа и напаѓа. Гледате ли? Во болна состојба... Исто, како личност која превзема мерки на претпазливост, има мала можност за враќање. И ова не е лошо. Ние секогаш треба да мислиме, дека: „Можеби не правам се така добро“. Но, се што е во нашата моќ, треба да ја извршуваме, нашата работа добро, но никогаш не треба да мислиме, дека е совршено. Тоа е добро.