MK/Prabhupada 0572 - Зошто би рекле? Ох, Не можам да ви дозволам да говорите во мојата црква

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Зошто би рекле? Ох, Не можам да ви дозволам да говорите во мојата црква
- Prabhupāda 0572


Press Interview -- December 30, 1968, Los Angeles

Новинар: Дали од практична гледна точка, навистина мислите дека движењето има шанси да успее во Америка? Прабхупада: Колку досега видов, има големи шанси...( прекин ). Новинар: Значи, вашата порака не е поинаква од Мојсеј или Христ или некој друг голем религиски лидер. Ако, луѓето ја следат етиката на Десетте заповеди и ги следат, тоа е тоа. Прабхупада: Ние ги прашуваме луѓето...Ние не велиме: „Одрекни се од својата религија. Дојди кај нас“. Но, барем следете ги вашите сопствени принципи. И...Како студентот. После завршувањето... Понекогаш во Индија, откога ќе завршат, одреден степен на образование, на Индискиот универзитет, тие доаѓаат во странско училиште да учат повеќе. Зошто доаѓаат ? За да уште повеќе се просветлат. Слично на тоа, за секој свет спис кој го следите, и ако добиете повеќе знаење во Движењето за свесност за Кришна, зошто не би го прифатиле, ако сте сериозни со спознавањето на Бог? Зошто би рекле: „Ох, јас сум Христијанин. Јас сум Евреин. Не можам да дојдам на вашиот состанок“. Зошто би рекле: „Ох, јас не можам да ви дозволам да го говорите тоа, во мојата црква“. Ако говорам за Бог, какви приговори имате? Новинар: Па, се согласувам со вас. Сигурен сум дека знаете и свесен сум дека до неодамна, на пример, Католикот не можеше да дојде овде, поради некоја друга црква. Тоа повеќе не е така.